Григор Џинџифилов или Џинџифилев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, воденски војвода на Македонската револуционерна организација и МОО.
Животопис мини|Четата на Џинџифилов со четите на Георги Мончев, Гоце Междуречки, Ѓакон Евстатиј, Стамен Темелков и Христо Цветков|лево Џинџифилов е роден во 1877 г. во градот Воден, тогаш во Отоманското Царство, денешна Грција. Завршил ІІІ клас во Воден. Стапил во ВМОРО и станал комита во четата на Димитар Занешев, а подоцна двајцата биле заменици војводи на Лука Иванов.
За време на Првата балканска војна во 1912 година, тој бил доброволец во МОО и бил војвода на чета со 12 луѓе, а подоцна на воденската чета. Навлегол во Македонија со четата на Евстатиј Шкорнов и воделе борба на врвот Чавките. Ги ослободиле селата Зборско (14 октомври), Кронцелево (18 октомври), Почеп (24 октомври) и други, а до 28 октомври го ослободиле цело Мегленско.
Чета бр. 28 на МОО со командир Григор Џинџифилов Номер Име Години Околия Селище Бележка Александар Саракинов 25 (26) Лагадинско Сухо Атанас Николов 41 Воденско Тушин убиен во 1913 година Георги Илиев – Берско Вештица Григор Николов 34 Воденско Острово Дељо Петров 35 Воденско Тушин Димитар Г. Тоцев 28 Воденско Воден Димитар Колев 25 (30) Воденско Долно Родиво Иван Георгиев 42 Берско Вештица убиен во 1913 година Иван Пецов 20 Воденско С'ботско Јане Димов22 (23)ВоденскоТресино Јордан Лазаров 29 Софиско Ихтиман Кољо Станов 24 Воденско Треболец Лазар Тонков 24 Воденско Воден Михаил Ив. Занешев 28 (23) Воденско Воден Никола Стоев 24 Воденско Треболец Самуил Зрнев 21 Воденско Воден носител на орден „За храброст“ IV степен Таше Китков 23 Воденско Воден Таше Христов 22 Воденско Каменик Тома Николов 20 Воденско Воден
По крајот на војните, Џинџифилов бил гонет од новите грчки власти, но успеал да избега.„Националноосвободителната борба в Македония, 1919 – 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр.24 Подоцна служел во XIV воденска дружина. По Првата светска војна се преселил во Бугарија. По обновувањето на ВМРО бил војвода на чета во Гевгелиско. Во 1924 г. учествувал како делегат на Солунскиот окружен конгрес на ВМРО и бил избран за член на окружното раководство. Живеел во Несебар заедно со братучед му Димитар Занешев, каде и починал од туберкулоза.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски преселници во Несебар Категорија:Починати од туберкулоза