Горна Битиња () — населено место во општината Штрпце, Урошевачкиот Округ, Косово. Според пописот од 2024 година имало 385 жители.All places: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2011, 2024 censuses pop-stat.mashke.org Словенското население во селото зборува торлачки и се смета за српско. Селото е претежно српско.
Население
Родови Според истражувања од 1938 година, родови во селото се:
Српски родови: Доселеници: Симоновци (6 к.) доселени се од Гусиње во Црна Гора во средината на XVIII век; Поповиќи (18 к.), доселеници од Куч (Црна Гора). Прво се населиле во Мушутиште, а подоцна во соседното село Беревце кон крајот на XIX век, каде имаат истоимени роднини. Албански родови: Доселеници: Качикт (18 к.) потекнуваат од фисот Сопа во северна Албанија во втората половина на XIX век. Матош (8 к.) доселени се од Коштањево во 1830 година, подалечно потекло од северна Албанија. Имаат истоимени роднини во Долна Битиња.
Поврзано Штрпце Урошевачки Округ Косовски Срби
Наводи
Категорија:Штрпце Категорија:Населени места во Косово Категорија:Српски населби во Косово Категорија:Сириниќка Жупа