Јажинце () — населено место во општината Штрпце, Урошевачкиот Округ, Косово. Според пописот од 2024 година имало 692 жители.All places: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2011, 2024 censuses pop-stat.mashke.org Словенското население во селото зборува торлачки и се смета за српско. Селото е населено со Срби.

Население Родови Според истражувања од 1938 година, родови во селото се:

Староседелци: Бошкови или Шиндари (6 к.); Андрејини (6 к.); Пунтарови (5 к.); Ристини (5 к.); Јефтијини (6 к.); Гољијини или Милениќи (5 к.). Доселеници: Лингурци, Стојкови или Милисављеви (4 к.) и Маглини (3 к.), доселени се, но не знаат од каде; Милошеви (9 к.), постари доселеници од селото Врбештица; Русимови (3 к.) доселени се околу 1870 г. од Врбештица преку женидба, подалечно потекло непознато; Самарџијини (2 к.) доселени се од Ораховац (областа Подрима); Кујунџиќи (1 к.) доселени се околу 1870 г. од Ораховац преку Призрен. Нивниот предок бил помошник кај селски бакал.

Поврзано Штрпце Урошевачки Округ Косовски Срби

Наводи

Категорија:Штрпце Категорија:Населени места во Косово Категорија:Српски населби во Косово Категорија:Сириниќка Жупа