мини|Коктелот московско муле Московско муле () — коктел на основа на вотка, ѓумбирово пиво и лимета, кој се послужува во бакарна кригла.
Популарноста почнал да ја добива по почетокот на напливот на консумирање руска вотка во САД во 1950-тите години. Името е поврзано со асоцијацијата на вотката и руската култура кај Американците.
Класифициран е како „лонг дринк“ и влегува во групата на официјални коктели на Меѓународната асоцијација на шанкери (МАШ) во категоријата „Современи класици“ (англ. Contemporary classics).
Историја За почеток на производството на коктелот се смета 1941 г., кога познатата американска компанија „Хјублајн“ ги откупила правата за производство на вотката „Смирноф“. Идејата потекнала од вработениот во компанијата Џон Мартин (John G. Martin), кој ја споделил со сопственикот на компанијата Рудолф Канет (Rudolf Kunett). Во исто време, се решил и проблемот со прекумерното производство на ѓумбирово пиво, кое станало дел од овој коктел. Почнале да го служат во рестораните во Лос Анџелес во 1942 г., а во 1943 г. веќе се пиел и во соседните држави (особено во казината во Лас Вегас и другите големи градови).
Поради војната, производството било прекинато, но во 1947 г. било обновено. И за да се привлечат посетители, на почетокот коктелот се служел во оригинални метални кригли. Истовремено, сопствениците на марката спровеле успешно промовирање до масите, користејќи го слоганот „Ќе ви го исфрли духот“. Се смета дека московското муле го симболизира Тројанскиот коњ, кој влегол во американската култура.
Во 2022 г., порториканскиот рапер Бед Бани го сними синглот „Moscow Mule“, кој ги освоил хит-листите во неколку земји.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Коктели со вотка Категорија:Коктели