мини|десно|Наколни живеалишта во Летисија Амазон (шпански и ) — значајна река во Јужна Америка и најголемата река во светот во однос на волуменот на количество вода која тече поголем од 8-те најголеми реки заедно. Амазон, кој има најголем речен слив, се смета дека околу една петтина од сите речни текови во светот. За време на влажната сезона Амазон е помеѓу и широк. Поради огромните димензии се нарекува и речно море. На ниедно место Амазон не се преминува со мостови, тоа е последица на огромните димензии, најмногу поради ширината. Всушност Амазон не е толку широк за да не може модерен мост да ја премости, но најголемиот дел од реката тече низ прашума каде има многу малку патишта и малку гратчиња па нема реална потреба од премостување.
Додека Амазон е најголема река во светот во однос на повеќето мерки, моментално географската заедница смета дека е втора по должина, само за малку пократка од Нил. Дел од научниците од Бразил и Перу на ја прифаќаат оваа теорија.
Басенот на Амазон
Басенот на Амазон е најголем базен, во светот, за истечни води покрива 40% од Јужна Америка, област од . Водите во овој басен се собираат од 5° СГШ до 20° ЈГШ. Најнедостапните извори се наогаат на внатрешната висорамнина Андрејан, чија локација е на многу кратко растојание од Тихиот Океан.
Територијата покриена со вода од Амазон и нејзините притоки се зголемува за трипати во текот на една година. Во сушна сезона во просек од земјена површина се покриени. Во дождлива сезона површината која се поплавува од Амазон достигнува до .
Количината вода која се излева од Амазон во Атлантскиот Океан е огромна и достигнува до во секунда во дождовна сезона. Од вкупната количина свежа вода која се влева во океаните, Амазон слева една петтина. Океанот во делот каде Амазон се слева има многу помала соленост сè до 500 километри внатре во морето. Во овој дел од океанот вода за пиење може да се испумпа од океанот иако е многу далеку во недоглед.
Поплавите на Амазон
Не сите притоки на Амазон се поплавуваат во исто време од годината. Многу ограноци почнуваат да се поплавуваат во ноември, а многу други надојдуваат дури во јуни. Надојдувањето на Рио Негро започнува во февруари или март, а се повлекува во јуни. Мадиера надојдува и се поплавува два месеци порано од останатите делови на Амазон.
Просечната длабочина на реката, кога најинтензивно врне, изнесува 40 метри и просечната ширина може да достигне до . Главната река (која што просечно е широка ) е пловна и за големи океански бродови сè до Манаус, должина од вливот на реката. Помали океански бродови од 3000 тони до 9 000 тони со пречник од 5,5 метри можат да пловат до Икитос, Перу, што е од морето. Помали речни чамци можат да пловат и до од сливот сè до Понго де Мансериче.
Амазон како мотив во уметноста и популарната култура „Амазон“ — песна на српската рок-група Луна од 1984 година.Luna (22) – Nestvarne Stvari (пристапено на 30.1.2023)
Поврзано Амазонија Амазонски слив
Наводи
Надворешни врски
Амазон - Најмоќната река на светот — Нова Македонија Екосистеми на реката Амазон
Категорија:Амазонски слив Категорија:Реки во Бразил Категорија:Реки во Перу Категорија:Реки во Еквадор Категорија:Реки во Колумбија Категорија:Реки во Јужна Америка Категорија:Меѓународни реки во Јужна Америка