Општина Пелинце, именувана и како Месен народен одбор Пелинце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1952 година. Центар на општината било селото Пелинце.
Историја 1913-1915 Општина Пелинце за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Алгуња, Враготурце, Врачевце, Карловце, Љаник, Орваница, Пелинце, Свињиште, Себрат и Узово. Општината била дел од Жеглиговскиот Срез, Кумановски Округ.
1915-1918 Општина Пелинце продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината ги изгубила селата Врачевце и Карловце, на сметка на проширената Општина Жегљане и била дел од Кумановската Околија, Кумановски Округ.
Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Пелинце продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, а почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Алгуња, Враготурце, Карловце, Љаник, Орваница, Пелинце, Свињиште, Себрат и Узово.
1945-1952 Месниот народен одбор Пелинце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, а негови составни населени места биле Враготурце и Пелинце. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Пелинце не претрпел територијално промени. Истовремено, МНО Орах припаднал под проширената Кумановска Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Пелинце останал територијално непроменет. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Пелинце бил укинат на сметка на соседната и проширена Општина Жегљане.
Население Според пописот од 1913 година, Општина Пелинце имала 1.508 жители. Според пописот од 1921 година, Општина Пелинце имала 1.624 жители. Според верската припадност, 1.596 биле православни, додека 36 биле муслимани. Според јазичната припадност, 1.572 биле Срби/Хрвати, 16 биле Власи, додека 36 припаднале во графата останати. Според пописот од 1931 година, Општина Пелинце имала 1.874 жители, од кои 945 биле мажи, а 929 биле жени. Општината се состоела од 258 куќи и 261 домаќинствo.
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Пелинце имал 906 жители. Од таа бројка, 843 биле Македонци, 46 биле Срби, 16 биле Турци, додека 1 бил Ром. Година1913192119311948Населено местожителижителижителижителиАлгуњанепознато~450—Враготурце~150175Врачевценепознато———Карловценепознато~25-50—Љаник (денес во )непознато—Орваница—Пелинценепознато~600731Свињиште (денес во )непознато—Себратнепознато~250—Узово (денес во )непознато—Вкупно1.5081.6241.874906
Поврзано Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915) Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931) Список на општини во Македонија по население (1948)
Забелешки
Наводи
Пелинце Пелинце Пелинце Пелинце Категорија:Козјачка Околија Категорија:Кумановска Околија