Валериј Георгијевич Карпин (роден на 2 февруари 1969 година, во Нарва) — советски и руски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на , а истовремено тој, исто така, е и селектор на руската фудбалска репрезентација.

Биографија Карпин има четири ќерки по име Вероника (родена во 1990 година), Марија (р. 1996), Валерија (р. 2001) и Дарија (р. 2018). Од 2017 година, Карпин е во брак со наставничка по англиски јазик, пејачка и аматерска лизгачка Дарија Гордеева (пред тоа тој бил во брак двапати). Карпин има руско, естонско и шпанско државјанство.

Во 2007 година, Карпин станал сопственик на велосипедската екипа Карпин-Галисија. Тој, исто така, поседува компанија за недвижности заедно со поранешниот соиграч од Селта Виго Мичел Салгадо.

Клупска кариера Почетоци и раните години од кариерата Својата кариера ја започнал на осумгодишна возраст, во фудбалската школа „Нарва“. Во раните години, тој играл за репрезентацијата на Естонската ССР на турнири во младинските категории. Исто така, играл и хокеј, а на 12 години бил член на младинскиот тим на Советскиот Сојуз. На 15 години, се преселил во Талин, каде што се приклучил на локалниот тим „Звезда“.

На 17-годишна возраст, Карпин играл за фудбалскиот клуб „Спорт“ од Талин, кој се натпреварувал во Втората лига на Советскиот Сојуз. Една година подоцна, бидејќи бил одговорен за воена служба, тој заминал со екипата на Балтичкиот воен округ на турнир во Лавов, од каде што дошол во ЦСКА Москва. Сепак, за младиот играч таму немало место во првиот тим, па поради тоа бил приклучен во резервни от тим ЦСКА-2.

Во 1989 година, по завршувањето на воената служба, тој играл за Факел Воронеж на позицијата лево крило.

Спартак Москва Во 1990 година, тој се приклучил на Спартак Москва, каде што бил поканет од скаутот Валентин Покровски. Првично, Карпин заработувал околу 60 рубљи во клубот, што било три пати помалку од она што го заработувал во Факел Воронеж.

Тренерот на Спартак, Олег Романцев, го преместил Карпин на десната страна од средниот ред. Валериј го имал своето деби за Спартак во натпреварот против неговиот поранешен клуб ЦСКА забележувајќи две асистенции, помагајќи му на Спартак да победи со резултат 5-4. Во осминафиналето на Купот на шампионите против , на Валериј му било доверено да го изведе првиот удар во пенал-серијата, а играчот од средниот ред успешно го реализирал.

Во сезоната 1991, Карпин играл постојано во почетниот состав на „црвено-белите“, иако бил во сенката на играчи како Василиј Кулков, Игор Шалимов и Александар Мостовој. Сепак, откако овие играчи заминале по европските клубови, Карпин станал еден од лидерите на Спартак, кој во тоа време владеел врховно во руското првенство. Како дел од тимот, тој освоил три првенства на Русија и еден куп.

Реал Сосиедад и Валенсија thumb|left|200px|Карпин во 1996 По Светското првенство 1994 во САД, тој се преселил во Шпанија, каде останал да игр до крајот на својата играчка кариера. Првиот клуб на Карпин таму бил Реал Сосиедад. Своето деби во Примера Дивисион го имал на 4 септември 1994, играјќи го целиот натпревар во победата со 2-0 на гости над Компостела. Тој веднаш станал редовен играч во почетната постава на тимот, заземајќи ја позицијата по десната страна во средниот ред. Во двете години поминати во Реал Сосиедад тој одиграл 75 натпревари и постигнал 17 гола.

Во 1996 година, Карпин потпишал за Валенсија, во тоа време еден од најдобрите клубови во Шпанија. Тој одиграл одлична сезона на личен план, постигнувајќи 6 гола во 46 одиграни натпревари во сите натпреварувања, но тимот разочарал заземајќи го дури 10-тото место на табелата во шпанското првенство.

Селта Виго По само една сезона Карпин ја напуштил Валенсија и се приклучил на друг шпански клуб, Селта Виго, приклучувајќи му се на неговиот соиграч од репрезентацијата, Александар Мостовој, кој пристигнал во клубот една година претходно. Карпин дебитирал за клубот со гол, во победата на домашен терен над Реал Сарагоса со 2-1 во првенството на 31 август 1997. Петтнаесет дена подоцна, тој постигнал уште еден гол, овојпат во победата со 2-0 на домашен терен над . Карпин имал одлична прва сезона во Селта играјќи како стартер во 37 од 38 натпревари (пропуштил само еден натпревар поради суспензија заради акумулирани жолти картони) во првенството на кои постигнал 4 гола.

Следната сезона, тој ги подобрил својте перформанси постигнувајќи 8 гола во првенството, вклучително и двата во победата со 4-2 на домашен терен над Мајорка, помагајќи им на галисијците да го освојат петтото место во Примера Дивисион на крајот од сезоната и повторно да изборат пласман во Купот на УЕФА. Во споменатото натпреварување клубот настапувал и во сезоната 1998-1999, стигајќи до четвртфиналето и елиминирале на патот до таму некој врвни екипи како против кој Карпин постигнал гол во победата со 3-1 во Виго. thumb|250px|Карпин со Селта Виго во 2001 година

Во сезоната 1999-2000, Карпин постигнал 11 гола во сите натпреварувања. Тој учествувал во неколку незаброавни победи на клубот како 7-0 над и 4-0 над во Купот на УЕФА и успехот со 1-0 над во првенството.

На почетокот од сезоната 2000-2001, Карпин за првпат ја носел капитенската лента на Селта, во победите над во полуфиналето на Интертото купот. Подоцна, Селта го освоила натпреварувањето совладувајќи го Зенит во финалето со вкупен резултат 4-3 (2-1, 2-2), а тој постигнал гол и во двата натпревари. На 18 март 2001, Карпин постигнал хет-трик во првенствената победа со 3-2 над .

На 22 декември 2001, Карпин го одиграл својот 200-ти натпревар во дресот на Селта, во победата со 1-0 на гости над .

Дресот на Селта Виго го носел до 2002 година, забележувајќи 218 настапи и 39 гола за клубот.

Враќање во Реал Сосиедад и завршување на кариерата На крајот од својата кариера во 2002 година, Карпин се вратил во Реал Сосиедад. Неговата прва сезона по враќањето била една од најдобрите во неговата кариера: Реал Сосиедад бил многу блиску да ја освои шампионската титула во Примера, пред да биде престигнат во завршницата од Реал Мадрид, а Валериј бил неоспорен лидер на тимот, постигнувајќи осум гола. Карпин, се пензионирал од професионалното играње фудбал во 2005 година, на 36-годишна возраст.

Репрезентативна кариера Карпин одиграл 72 натпревари за руската репрезентација, постигнувајќи 17 гола, но претходно бил повикан еднаш и во репрезентацијата на Заедницата на независни држави, играјќи во пријателски натпревар против , во кој влегол во игра во последниот половина час на местото на Андреј Канчелскис.

Тој го постигнал првиот гол за Русија по распадот на Советскиот Сојуз, во победата од 2-0 над на 17 август 1992 година. Карпин настапил за Русија на Светското првенство 1994 во САД и на Европското првенство 1996 во Англија, играјќи ги сите натпревари на својата земја и на двата турнири, постигнувајќи погодок на вториот во последниот натпревар од групата против завршен со резултат 3-3.

На 24 април 1997 година, Карпин го објави своето одбивање да игра за националниот тим во знак на протест против тоа што селекторот Борис Игнатјев не го повикал за натпреварот против Луксембург. Соиграчот од репрезентацијата, Виктор Онопко, постојано се обидувал да го убеди Карпин да се врати во тимот, па дури и самиот Игнатиев го замолил играчот да не донесува избрзани одлуки, но Карпин бил непоколеблив.

Подоцна, тој се вратил во руската репрезентација под водство на новиот селектор Анатолиј Бишовец и бил еден од најважните играчи во составот на неговиот наследник Олег Романцев во квалификациите за Светското првенство 2002; откако Русија се квалификувала за „Мундијалот“ во Јапонија и Јужна Кореја, Карпин бил повикан во составот и ги одиграл сите три натпревари за својата земја во уште една елиминација во групната фаза.

Во март 2003 година, на 34-годишна возраст, тој одлучил да се повлече од репрезентацијата.

Хронологија на репрезентативните настапи Заедница на независни држави

Русија

Тренерска кариера Карпин ја започнал својата тренерска кариера во 2009 година, кога бил назначен за тренер на Спартак Москва, заменувајќи го Михаел Лаудруп на клупата по серијата слаби резултати на данецот. Иако бил назначен само како привремен тренер, Карпин останал на клупата се до завршувањето на сезоната 2011-2012. На 25 ноември 2012, откако Спартак го отпуштил Унаи Емери, Карпин се вратил на клупата на клубот. Вториот престој во клубот му завршил во март 2014 година.

На 12 август 2014, тој бил назначен за тренер на шпанската екипа Мајорка. Во февруари 2015 година, тој бил отпуштен оставајќи го тимот на 15-тото место во Сегунда Дивисион.

Тој го преземал Торпедо Армавир, клуб од второто ниво на рускиот фудбал. Под негово водство, тимот испаднал назад во третата лига по што на 23 јуни 2016 година, тој го напуштил клубот „со меѓусебна согласност“.

На 19 декември 2017 година, Карпин бил претставен како нов тренер на Ростов, потпишувајќи договор со клубот на две и пол години.

На 23 јули 2021 година, Рускиот фудбалски сојуз го ангажирал Карпин за селектор на руската репрезентација до 31 декември 2021 година (за време на траењето на квалификациската кампања за Светското првенство 2022). Во исто време, тој требало да продолжи да го тренира Ростов, но десет дена подоцна на 2 август 2021, тој го напуштил Ростов.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 21 септември 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1986 Спорт Талин 2Л 10 1 - - - - - - - - - 10 1 1987 2Л 15 0 - - - - - - - - - 15 0Вкупно Спорт Талин 25 1 - - - - - - 25 1 1988 1Л 3 0 КС 0 0 - - - - - - 3 0 1989 Факел Воронеж 1Л 27 7 КС 0 0 - - - - - - 27 7 1990 1Л 21 0 КС 3 0 - - - - - - 24 0 1991 1Л 28 3 КС 5 1 ЛШ 8 0 - - - 41 4 1992 1Л 26 7 КР 0 0 КУ 4 1 - - - 30 8 1993 1Л 30 13 КР 5 4 КПК 8 4 - - - 43 21 1994 1Л 12 5 КР - - ЛШ 10 5 - - - 22 10Вкупно Спартак Москва 117 28 13 5 30 10 - - 160 43 1994-1995 ПД 35 3 КШ 3 0 - - - - - - 38 3 1995-1996 ПД 37 13 ПД 2 1 - - - - - - 39 14 1996-1997 ПД 36 6 КШ 2 0 КУ 8 0 - - - 46 6 1997-1998 ПД 37 4 КШ 5 1 - - - - - - 42 5 1998-1999 ПД 34 8 КШ 2 0 КУ 7 1 - - - 43 9 1999-2000 ПД 34 6 КШ 2 0 КУ 10 5 - - - 46 11 2000-2001 ПД 30 5 КШ 6 1 ИК+КУ 4+9 2+1 - - - 49 9 2001-2002 ПД 33 3 КШ 2 0 КУ 3 2 - - - 38 5Вкупно Селта Виго 168 26 17 2 33 11 - - 218 39 2002-2003 ПД 36 8 КШ 1 0 - - - - - - 37 8 2003-2004 ПД 38 7 КШ 0 0 ЛШ 8 0 - - - 46 7 2004-2005 ПД 34 5 КШ 0 0 - - - - - - 34 5 Вкупно Реал Сосиедад 180 36 6 1 8 0 - - 194 37Вкупно во кариерата 556 104 38 8 79 21 - - 673 133

Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови ЗНД199210Вкупно10 Русија1992311993601994611995831996124199720199850199996200041200190200271200310Вкупно7217

Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварувањеИзвештај1 17/07/1993 Централен стадион, Екатеринбург 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 2 - 8 Прва лига на Русија 1993 Извештај2 18/03/2001 Балаидос, Виго 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 3 - 2 Примера Дивисион 2000-2001 Извештај

Тренерска статистика Клубови Статистиката е ажурирана на 25 мај 2025.

СезонаЕкипаПрвенствоНационален купКонтинентални куповиОстанати куповиВкупноПобеди %Пласман Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И ОН П Н И % апр.-ное. 2009 ПЛ 26 16 3 7 КР 2 1 0 1 - - - - - - - - - - наз. 10. место, крај 2. место 2010 ПЛ 30 13 10 7 КР 4 3 1 0 ЛШ+ЛЕ 6+6 3+3 0+1 3+2 - - - - - 4. место 2011-2012 ПЛ 44 21 12 11 КР 2 1 1 0 ЛЕ 2Во квалификациските кола 0 1 1 - - - - - 2. место ное. 2012-2013 ПЛ 13 6 4 3 КР - - - - ЛШ 1 0 0 1 - - - - - наз. 7. место, крај 4. место 2013-март 2014 ПЛ 21 12 4 5 КР 2 1 0 1 ЛЕ 2 0 1 1 - - - - - отп. 3. место