Гајдарохор или Ајдонохор (, Ајдонохори) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 197 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се ноаѓа во северните падини на Орсова Планина, во јужниот дел на Серско Поле, околу 20 км југоисточно од гратчето Нигрита и северозападно од Струмскиот Залив, на надморска височина од 200 м.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Гајдарохор било грчко село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Ајдиохор (Aïdiohor) имало 156 домаќинства со 28 жители муслимани и 410 жители Грци.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Гајдарохор:Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал: Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Гајдарохор имало 1.500 жители Грци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Гајдурох (Gaïdouroh) имало 1.672 Грци и во селото работело грчко училиште.

Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 507 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 921 лице. Со потпишувањето на Лозанскиот договор во 1922 г. во селото се населиле 7 семејства (вкупно 33 бегалци), така што селото станало мешана населба. Во 1928 г. Гајдарохор е заведен со 1.098 жители. +Места во заедницата Гајдарохор преименувани со службен указ на 6 јули 1968 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписМадемΜαντέμСидироремаΣιδηρόρεμαрека на Орсова Планина на Ј од ГајдарохорСалџаΣάλτζαДакрисмаΔάκρυσμαвозвишение на Орсова Планина на ЈЗ од Гајдарохор (553,1 м)КараџиликΚαραντζιλίκιСкотинонΣκοτεινόνвозвишение на Орсова Планина на ЈЈЗ од ГајдарохорЌумкудиΚιουμκούδιСолинесΣωλήνεςЧатаклиΤσατακλίИпинемонΎπήνεμονвозвишение на Орсова Планина на Ј од ГајдарохорПаладерсиΠαλαντέρσιВалавери Р.Βαλαβέρη Ρ.река на С од ГајдарохорКараагачиΚαραγατσίκιФтелиесΦτελιέςмесност на СИ од ГајдарохорЌурхаладесΚιουρχαλάδεςГунарадикаΓουναράδικαмесност на С од Гајдарохор

Стопанство Селото е мошне богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини. Населението главно се занимава со земјоделство – одгледува многу памук и други индустриски култури, а произведува тутун, жито и други земјоделски производи. Внимание му се посветува и на краварството.

Население

Самоуправа и политика Во 1920 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 42 квадратни километри. Општината Гајдарохор била приклучена во општината Черкезќој во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.

Селото припаѓа на општинската единица Черкезќој со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гајдарохор, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква, подигната во 1763 г. Црква „Св. Јован Претеча“ — поранешен манастир од XIX век Мостови

Дриста — аквадукт Геруксалис — стар камен мост кај селото

Личности Родени во Гајдарохор

Георгиос Басидис или Баслис — раководител на месниот андартски комитет, деец на грчката вооружена пропаганда Димитриос Љотис — андарт, деец на грчката вооружена пропаганда Ница Цитра (1930–2021) — грчка пејачка

Наводи

Категорија:Визалтија