Јован Боцевски (, ) – поет за деца и романсиер.„Значајни личности за Битола - писатели“, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2008, стр. 24-25
Животопис Роден е во селото Горно Врбени, Леринско, Егејска Македонија, на 15 април 1938 година. Основното образование го завршил во училиштето „Даме Груев“, средното во Економското училиште „Јане Сандански“, а се запишал и на Вишата педагошка академија на предметна настава по македонски и српскохрватски јазик. Се вработил на 1 февруари 1959 година во Градски кина т.е. Претпријатие за прикажување на филмови – Битола каде останал до 31 март 1977 година, а од 1 април 1977 па сè до неговото пензионирање (2002) работел во Службата за општествено книговодсто, подоцна Завод за платен промет. Твори и работи во Битола, а пишува подеднакво поезија и проза како за деца така и за возрасни.
Објавуван е во повеќе весници и списанија, како кај нас така и во поранешните југословенски републики: „Другарче“, „Развигор“, „Наш свет“, „Детето и сообраќајот“, „Колибри“, „Веселе свеске“ – Сараево и многу други, а за возрасни објавува во: „Нова Македонија“, „Млад борец“, „Студентски збор“, „Стремеж“, „Браничево“, „Просветен работник“, „Белези“, „Изгрев“, „Трибина“ (каде што добива награда за проза), „Патеки“ - Куманово, 1968 година (каде што добива награда за поезија) и др. Учествувал на многу книжевни средби и добитник е на повеќе награди и признанија за неговите песни и раскази, како на пр.: втора награда за расказот „Едно умирање“ во „Студентски збор“, откупените раскази во „Нова Македонија“ и „Студентски збор“, како и наградите за песни во: „Курирче“ - Кичево (II награда), „Мегленски средби“ (I и II награда, неколку години по ред), потоа признанијата за литература од „Развиток“, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Народно здравје“, пофалница за учество на Изложбата на книги од роднокрајни автори: „Битолско книжевно наследство“ одржана од 1 јуни 2007 до 14 јуни 2007 во Културно-информативниот центар на Република Mакедонија во Софија, Република Бугарија.
Творештво Негови дела за деца се: „Црвените чевлички“ (раскази, 1971), „Чудниот крадец“ (раскази, 1985), „Јанко Врбјанко“ (раскази, 1987), „Есента на моето детство“ (раскази, 1990), „Дивите рогушки“ (раскази, 1993), „Кој ја скрши вазната“ (раскази, 1995), „Мојата втора љубов“ – роман, негово прво дело напишано за возрасни, „Проклетство“ – втор негов роман.
Наводи
Категорија:Македонски писатели