Гренланд 2: Преселба () — американски постапокалиптичен трилер за опстанок и катастрофи, режиран од Рик Роман Во и напишан од Крис Спарлинг и Мичел Лафорчн.

Ова е продолжение на филмот Гренланд (2020), во кое Џерард Батлер и Морена Бакарин ги повторуваат своите улоги. Во глумечкиот состав се приклучуваат и Роман Грифин Дејвис (кој го заменува Роџер Дејл Флојд), заедно со Амбер Роуз Рева, Гордон Александар, Питер Поликарпу, Вилијам Абади и Томи Ерл Џенкинс.

Филмот е закажан за премиера во Соединетите Американски Држави на 9 јануари 2026 г., во распределба на студиото Lionsgate.

Содржина Пет години откако меѓуѕвездената комета Кларк го уништила поголемиот дел од Земјата, семејството Герити мора да ја напушти безбедноста на бункерот во Гренланд и да тргне на опасно патување преку пустите европски предели, во потрага по нов дом.

Улоги

| Џерард Батлер | Џон Герити |- | Морена Бакарин | Алисон Герити |- | Роман Грифин Дејвис | Нејтан Герити |- | Амбер Роуз Рева | непознато |- | Гордон Александар | поручник Блејк |- | Питер Поликарпу | д-р Хауген |- | Вилијам Абади | Денис Лоран |- | Томи Ерл Џенкинс | генерал Шарп |- | Тронд Фауса Аурвог | непознато |- | Рејчел Евелин | Кери Холт |- | Сидсел Сием Кох | Пија |- | Алекс Ланипекун | Рајли Вотсон |- | Нејтан Вајли | мајор Грин

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 2026 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Lions Gate Entertainment __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__