Ивана Гаѓански (родена на 10 септември 1979 година, Нови Сад) — истакнат српски научник, поет, преведувач и универзитетски професор. Таа спаѓа во водечките експерти во областа на невронауката во Србија и регионот. Таа е еден од најистакнатите млади поети во Србија.
Школување Родена била на 10 септември 1979 година во Нови Сад. Основно училиште и Трета белградска гимназија ги заршила во Белград. Дипломирала како студент на Биолошкиот факултет при Универзитетот во Белград. Докторирала на Универзитетот Георг-Август, каде што работела на дисертација за улогата на калциумот во мултиплекс склерозата и паралелно работела во Институтот за биофизичка хемија „Макс Планк“. Докторирала во 2007 година и продолжила со постдокторско усовршување на Универзитетот „Лудвиг-Максимилијан“ во Минхен. Завршила неколку постдокторски студии во Германија, САД и Шведска.
Стручна работа Предава како професор во Србија на неколку универзитети и соработува со бројни институти во земјата и светот.
Збирки поезија Ивана има објавено две збирки песни „Демони“ и „Кинесто писмо“. Таа ја превела книгата „Водич за човечкиот мозок“ од Сузан Гринфилд.
Наводи
Категорија:Српски поети Категорија:Српски преведувачи Категорија:Српски професори Категорија:Српски научници Категорија:Родени во 1979 година