The Dresden Dolls (Д Дрезден Долс, превод од англиски: Куклите од Дрезден) е американски музички дует од Бостон, Масачусетс. Основана во 2001, групата се состои од Аманда Палмер (Amanda Palmer) (вокали, пијано, хармоника, укелеле) и Брајан Виљоне (Brian Viglione) (тапани, гитара, придружни вокали). Двајцата го опишуваат својот стил како "Брехтовско панк кабаре", фраза измислена од Палмер бидејќи била "ужасната" од помислата дека печатот ќе измисли име што "ќе го содржи зборот готик (gothic)". Тие се дел од движењето дарк кабаре што започнува во раните 90-ти. Инспирирани се од уметноста на Бертолт Брехт и Курт Вејл.
Категорија:Алтернативни музички групи Категорија:Американски музички групи Категорија:Музички групи основани во 2000 година