Мадја ПрадешМадја Прадеш - मध्य प्रदेश Држава: Индија Главен град: Бопал Површина: 308.144 км2 Население: 60.385.118 <small>(2001) Густина на население: 196 жит./км2 Јазик: хинди Религија: Мрежно место: www.mp.nic.in Мапа н|250п|Положба на Мадја Прадеш во Индија
Мадја Прадеш е сојузна држава во Индија со површина од 342.236 км2 и 56.473.122 жители (сос: 1. јан. 2001). Често се нарекува "Срцето на Индија" затоа што се наоѓа во централниот дел на Индија. Главен град е Бопал. До 2000. и настанувањето на државата Чатисгар Мадја Прадеш била најголема индиска држава. Се граничи со Утар Прадеш, Чатисгара, Махараштра, Гуџарат и Раџастан. Во Бопал на 3 декември 1984. токсичниот гас од фабриката Јунион Карбид уби 3.000 граѓани на лице место, 12.000 умреа од последиците, а 150.000 луѓе имаа извесни последици.
Географија Се наоѓ во срцето на Индија. Се граничи со Гуџарат на исток, Раџастан на северозапад, Утар Прадеш на североисток Махараштра на југ и Чатисгар на исток. Мадја Прадеш има неколку лингвистички и културни различни региони. Реката Нарвада и Тапти и нивните сливови ја делат државата на два дела. Горниод дел му припаѓа на сливот на Ганг, а јужниот дел на сливот на Годавари и Маханади. Мадја Прадеш се состои од неколку лингвистички и културни различни региони: Малва - висорамнина на северозападниот дел северно од Виндија. Индор е најголем град Нимар - западен дел на речната долина Нармада Бунделканд - северен дел со брда и плодни долинам. Гвалиор е центарот Чамбал - северозападен регион, планинско подрачје со сурова клима. Подрачјето е познато по суровите банди, од кои многу беа активни на крајот од 20. век. Багелканд -планинско подрачје на североистокот Махакошал - југоисточно подрачје со Џабалпур као најважен град.
Категорија:Сојузни држави и територии на Индија
Категорија:Држави и територии настанати во 1956 година