ФК Еносис Неон Паралимни (грчки: Ένωση Νέων Παραλιμνίου, Enosi Neon Paralimniou), скратено ЕНП, е професионален фудбалски клуб од Кипар со седиште во Паралимни. Домаќинските натпревари ги игра на Градскиот стадион „Тасос Марку“, а во моментов се натпреварува во Првата лига на Кипар. Со спојување на два локални клуба, Хераклес (основан 1936) и Народна Љубов, во 1944 година беше основан ЕНП. Клубските бои, бордо и небесно сина, беа воведени во 1971 година благодарение на браќата Парнеру, симпатизери на англискиот клуб Вест Хем. Капитенот на клубот, нивен познаник Боби Мур, му донираше дресови на клубот.

ЕНП од сезоната 1968/69 до 2013/14 играше непрекинато 45 сезони во Првата лига на Кипар. Најзначајниот период во историјата на клубот беше средината на 1970-тите и почетокот на 1980-тите, кога екипата стигна до финалето на националните купови. На европската сцена клубот учествуваше пет пати, но секогаш завршуваше во првото коло. Тековен спонзор на клубот е MeridianBet.

Домаќински натпревари Првата лига на Кипар другопласиран: 1974–75

Куп на Кипар другопласиран: 1973–74, 1974–75, 1980–81, 1982–83

Суперкуп на Кипар другопласиран: 1981, 1983

Втора лига на Кипар победник: 1968–69, 2014–15, 2017–18

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница Категорија:Фудбалски клубови од Кипар