мини|десно|180п|Амблемот на фестивалот „Охридско лето“ употребуван до 2019 година

Охридско лето - меѓународен музичко-сценски фестивал што се одржува во Охрид, под покровителство на претседателот на Република Македонија. Фестивалот е член на Европската асоцијација на фестивали.

Историјат Почетокот на фестивалот „Охридско лето“ датира од 4 август 1961 година, со настапот на оперската пејачка Ана Липша Тофовиќ,59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019. придружена од пијанистот Ладислав Перлдик, одржан во црквата Св. Софија. Во првите фестивалски години во програмскиот концепт преовладувале музичките настани коишто вообичаено се одржувале во катедралната црква Св. Софија. Постепено, на фестивалот почнале да доаѓаат музички уметници со високо реноме, како: баритонот Владимир Ружѓак од Хрватска, сопранот Мартина Аројо од САД, Словенечкиот октет, Прашките музичари, Голден гејт квартет, Милка Ефтимова, Тодор Скаловски итн. Веројатно, во овој период, фестивалот го достигнал врвот со настапите на прочуените светски музичари - рускиот виолинист Леонид Коган и францускиот виолончелист Андре Навара. Со текот на времето, фестивалот станувал поинтересен, побогат и попривлечен за уметниците и ансамблите од светот. Така во 1970-те и 1980-те, на фестивалот настапиле многу реномирани имиња, како: Mстислав Ростропович, Алдо Чиколини, Гидон Кремер, Руџеро Ричи, Виктор Третјаков, Хенрик Шеринг, Салваторе Акардо, Елена Обрасцова, Катја Ричарели, Викторија де лос Анхелес, Максим Венгеров, Вадим Репин, Џулиан Рахлин, Иво Погорелиќ, Минхенскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар „Виртуози ди Рома“, Камерниот оркестар „Жорж Енеску“, Литванскиот камерен оркестар, Симфонискиот радио-оркестар на Австриското радио, хорот „Мадригал“ од Букурешт, хорот „Глинка“ од Санкт Петербург, хорот на Виенските деца итн.

Во 1980-тите започнал да се развива и другиот програмски сегмент – театарот, најпрвин со гостувањето на македонските театри, за подоцна фестивалот да стане примамливо собиралиште за многу театри од светот, а особено од просторите на поранешната Југославија. Голем настан во развојот на фестивалот „Охридско лето“ било зачленувањето во Европскиот сојуз на фестивалите, во 1994 година. Подоцна, во 2001 година бил воведен нов сценски простор - Античкиот театар, каде бил прикажан премиерниот проект „Маседуан“ на Иван Поповски. Оттогаш, свеченото отворање на фестивалот традиционално се одвива на оваа локација (на 12 јули), а свеченото затворање е на 20 август.

Организација и менаџмент Со фестивалот раководат директорот и управниот одбор, а за уметничката програма се задолжени двајцата програмски селектори. Функцијата директор на фестивалот ја извршуваат: Наташа Поповиќ (директор)

Членови на управниот одбор на фестивалот се:59 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019. Нина Момировска (претседател) Лилјана Ставреска Катарина Митреска Субија Изеироски Љупчо Кевероски

Програмски селектори на фестивалот се: Васо Ристов (музички селектор) Александар Поповски (драмски селектор)

54. Охридско лето 2014 54. издание на „Охридско лето“ било отворено на 12 јули 2014 година, со настапот на сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи, придружени од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Луис Горелик од Аргентина. Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле и бројни други музичари, како: Елена Мисиркова (пијано), Елизавета Леонскаја (пијано), балетската претстава „14 часа“ во изведба на Македонската опера и балет, гудачкиот квартет „MozART“ од Полска, Аркадиј Володос (пијано), ансамблот „Танец“, Нарек Хахнзарјан (виолончело) и Оксана Шевченко (пијано), дуото Кадеша од Албанија, Максим Мрвица (пијано), Нинг Фенг (виолина) и Томас Холе (пијано), хорот од Израел „The Voca People“, француската група „Devil’s Trills“, Дарко Богески (гитара), Кирил Трусов (виолина) и Александра Трусова (пијано), мешаниот камерен хор „Про Арс“, камерниот оркестар „Гудачите на св. Ѓорѓи“ од Србија, пијано-дуото Иго Ле Клер и Елен Котино Коен од Франција, рускиот гудачки квартет „Јанкелевич“, ансамблот „Variabile“ од Италија и други.54 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2014.

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите: „Отело“ на Вилијам Шекспир, во режија на Диего де Бреа, во изведба на Народниот театар – Битола „Многу врева за ништо“ на Шекспир, во режија на Дејан Пројковски, во изведба на Театар Комедија – Скопје „Аферата Елсинор“ по текст и режија на Љубиша Георгиевски, во изведба на МНТ – Скопје „Ждрело“ на Жанина Мирчевска, во режија на Зоја Бузалковска, во изведба на Драмскиот театар – Скопје „Како што милувате“ на Шекспир, во режија на Брајан Мичел, во изведба на полскиот Оддел за драма и танц – Битом „Његош и јас“, авторски проект на Паоло Маџели, во изведба на Црногорскиот народен театар – Подгорица „Женидба“ на Гогољ, во режија на Сергеј Федотов, а во изведба на театарот „У Моста“ од Перм, Русија

Во рамките на фестивалот се одржале и други културни настани, како: изложбата на Леополд Форстнер, со наслов „Офицерот Форстнер. Еден уметник на виенскиот југендстил на Балканот“ изложбата на фотографии на Зоран Вељаноски – Летра, со наслов „Носталгија во црно-бели рамки“ поетското читање „Поезија Ткаења“ на Славе Ѓорго Димоски и документарниот филм „Поет на мал народ“ на Антонио Вељаноски изложбата на слики на Вангел Наумовски филмовите „Под исто небо“, „Планината на гневот“, Републиката во пламен“ и „Цената на градот“ на режисерот Љубиша Георгиевски филмот „Апостоли на Словените. Двајца браќа – една животна мисија“, во режија на Петр Николаев

55. Охридско лето 2015 55. издание на „Охридско лето“ било отворено на 12 јули 2015 година, со „Кармина бурана“ во изведба на шпанскиот ансамбл „Ла фуера делс Баус“. Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле: Андреј Коробејников (пијано), дуетот Коробејников и Александар Књажев (виолончело), Николај Лугански (пијано), дуетот Весна Гиновска-Илкова (сопран) и Кристина Светиева (пијано), триото Славомир Зубжицки, Рафал Жураковски и Ана Мјерник, дуото Олександра Зајцева и Дмитро Таванец (пијано), Иво Погорелиќ (пијано), триото Мојца Злобко Вајгл, Ева-Нина Козбус и Кармен Печар, дуото Нинослав Димов (саксофон) и Маја Поповиќ (пијано), триото Клаиди Сахтачи, Мерита Реџа Тершана и Пјетер Гураљуми, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, групата „Танго Компас“, триото на Амира Медуњанин, хорот „Howard Gospel“, Един Карамазов (гитара), дуото Марија Солозобова и Владислав Броневецки, хорот „Св. Злата Мегленска“, дуото „2 Cellos“, АГБУ Софиски камерен оркестар, Дуке Бојаџиев со проектот „Сон, верба, љубов“, дуото Сихана Бадивуку-Хоџа и Маја Кастратовиќ, балетот „5 до 12“ на Игор Киров и Кирил Џајковски а во изведба на Хрватскиот народен театар од Сплит, Леонел Моралес (пијано), триото Бакалов, Мишел Летјек (кларинет) и квартетот Жирард, Максим Федотов (виолина) и Галина Петрова (пијано) и дуото Максим Венгеров (виолина) и Ваг Папијан (пијано).55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите: „Неопланта“ на Ласло Вегел, во режија на Андраш Урбан, во изведба на Театар Нови Сад „Нашиот клас“ на Тадеуш Слобоѓанек, во режија на Ханан Снир, во изведба на театрите „Камери“ и „Хабима“ од Тел Авив „Со љубовта нема шега“ на Алфред де Мисе, во режија на Софија Ристевска, во изведба на Интимен театар - Битола „Многу врева за ништо“ на Шекспир, во режија на Ана Ѓорѓевиќ, во изведба на Народниот театар од Сомбор „Антониј и Клеопатра“ на Шекспир, во режиај на Џон Блондел, во изведба на Народниот театар од Битола „Дневникот на лудиот“ на Гогољ, во режија на Марјан Неќак, а во изведба на ММТ Подвижен музички театар од Битола „Слуга на двајца господари“ на Карло Голдони, во режија на Јуџел Ертен, а во изведба на Турскиот театар и Албанскиот театар од Скопје „Опасни врски“ на Пјер Шодерло де Лакло, во режија на Дејан Пројковски, во изведба на Театарот „Вера Комисаржевска“ од Санкт Петербург „Стари времиња“ на Харолд Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ, во изведба на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид „Јованка Орлеанка“ во режија на Петринел Гочев, во изведба на драмскиот театар „Рачо Стојанов“ од Габрово „Кирил и Методиј, Who Are You?!“ на Јордан Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски, а во изведба на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп и НЕТА од Љубљана „Делириум тременс“ на Благоја Ристески-Платнар, во режија на Игор Трпчевски, во изведба на „Театарска работилница“ - Прилеп „Figurae Veneris Historiae“ на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски, а во изведба на СНГ Драма од Љубљана

Во рамките на фестивалот се одржале и други културни настани, како: изложбата на Стефан Хаџи Николов, со наслов „Светлина од минатото“ проекцијата на филмовите „Малиот човек“, „Истрел“ и „Трето полувреме“ во чест на Емил Рубен изложбата на фотографии „Настанување - исчезнување“ на Боро Рудиќ ликовната изложба „Колажна приказна“ на Илина Арсова изложбата „Дизајнерска игра со традицијата“ на Кирче Стојоски ликовната изложба „Циклуси“ на Крунислав Стојановски

56. Охридско лето 2016 56. издание на „Охридско лето“ било отворено на 12 јули 2016 година, со настапот на сопранот Елина Гаранча (Fourplay), придружена од оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Јон Марин. Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле и бројни други музичари, како: камерниот оркестар „Македонски виртуози“, Маријан Собула, француското трио „Вандерер“, дуото Кировски, Максим Венгеров (виолина) и камерниот оркестар „Менухин“, гитарскиот квартет „Ајгета“, Јуриј Шишкин (хармоника), Карло Торлонтано (алпски рог) и Масимилијано Питоко (бајан), ансамблот „Sudar Percussion“, Роман Симовиќ (виолина) и Ратимир Мартиновиќ (пијано), Мојца Злобко Вајгл (харфа) и Масимо Марчели (флејта), Џафер Џафери (виолина) и Милана Черњавска (пијано), Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, Карлес Лама и Софија Кабруха (пијано), оркестарот „Хортус Музикус“, триото на Дамјан Пејчиноски, Ана Виницка (пијано), Артуро Сандовал (труба), Арета Зула (виолина) и Мерита Реџа Тершана (пијано), Македонската филхармонија, Ана Дурловски (сопран) и Игор Дурловски (бас), Фазил Сај (пијано), Нина Костова (пијано) и гудачкиот квартет „Хеншел“, Марк Копе (виолончело) и Перт Лаул (пијано), Ајман Мусакајајева (виолина) и Државниот камерен оркестар „Академија на солисти“, Филип Маџунков (пијано), дуото Скијаво-Маркеџани (пијано), Вадим Репин (виолина) и Андреј Коробејников (пијано), Горан Трајкоски, итн.

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите:Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56. „Мојот клас“ во изведба на театарот „Кармелим“ од Хаифа, Израел „Комедија на грешки“ на Вилијам Шекспир, во режија на Коле Ангеловски, во изведба на Турскиот театар од Скопје „Сонот на Гогољ“, во режија на Маргарита Младенова и Иван Добчев, во изведба на театарската работилница „Сфумато“ од Софија „ActOrchestra“, во режија на Хорија Суру и во изведба на театарот Националниот театар „И. Л. Карагијале“ од Букурешт „Ш“, во режија на Јован Ристовски - Јовица и во изведба на Народен театар – Битола „Сонети“, според сонетите на Шекспир, во режија на Ангелчо Иливески, а во изведба на Народен театар – Битола „Бар-Ремарк“, во режија на Александар Баргман, а во изведба на Народен театар – Битола „Магбет“ на Вилијам Шекспир, во режија на Диана Добрева, во изведба на Албанскиот театар од Скопје „Спобудалената локомотива“ на Станислав Игнаси Виткиевич, во режија на Јернеј Лоренци, а во изведба на Словенечкиот народен театар - Драма од Љубљана

Исто така, биле прикажани и следниве филмови: „Хај-Фај“, во режија на Владимир Блажевски „Среќна нова 49“, во режија на Столе Попов „Планината на гревот“, во режија на Љубиша Георгиевски „Тетовирање“, во режија на Столе Попов „До победата и по неа“, во режија на Жика Митровиќ „Црвениот коњ“, во режија на Столе Попов