Бети Стаменкоска-Трајкоска (р. во Скопје) — македонска политичарка и актуелна градоначалничка на Општина Кисела Вода. Претходно ја извршувала функцијата пратеник во македонското собрание. Таа била избрана за градоначалник на Општина Кисела Вода на локалните избори во 2025 година. Таа е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Животопис Бети Стаменкоска-Трајкоска е родена во Скопје. Таа е магистер по менаџмент на човечки ресурси од Универзитетот Скопје - УТМС. Таа е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ. На парламентарните избори во 2024 година таа вила избрана за пратеник во македонското собрание.
На локалните избори во 2025 година Стаменкоска-Трајкоска е избрана за градоначалник на Опшина Кисела Вода.
Наводи
Категорија:Градоначалници на Општина Кисела Вода