Клуен / Рангел-Сент Елијас / Глејшер Беј / Татшеншини-Алсек — меѓународен систем на паркови лоциран во Канада и САД, на границата помеѓу Јукон, Алјаска и Британска Колумбија.
Бил прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1994 година поради спектакуларните предели на ледниците и ледените полиња, како и поради важноста на живеалиштата на гризли мечките, ирвасот и Далските овци. Вкупната површина на локацијата е 98,391 километри кубни, скоро иста големина како земјата Јужна Кореја која е 100,339 километри кубни.
Тој е дом на голем број значајни релјефни форми, вклучувајќи го најголемото неполарно ледено поле во светот; најголемиот пиемонтски ледник во светот, ледникот Маласпина; најдолгиот ледник во внатрешна долина во светот, ледникот Набесна; како и највисокиот врв во Канада и вториот највисок врв во Северна Америка, планината Логан, висок 5.959 метри.
Парковски систем Меѓународниот систем опфаќа паркови лоцирани во две земји и три административни региони:
Национален парк и резерват Клуен (Канада) Национален парк и резерват Рангел-Сент Елихас (САД) Национален парк и резерват Глејшер Беј (САД) Провинциски парк Татшеншини-Алсек (провинциски парк, Британска Колумбија, Канада)
Наводи
Категорија:Светско наследство во Канада Категорија:Светско наследство во САД Категорија:Координати на Википодатоците