Арагацотн (ерменски: -Արագածոտն) е покраина во Ерменија. Се наоѓа на западот од земјата и главен град и е Аштарак. Името и значи „подножје на Арагац“ (Арагац е највисоката планина во Ерменија). Додека владеела династијата на Арсацидите за време на Кралството Ерменија, регионот бил дел од покраината Ајрарат. Ја владееле Аматуните, кои биле благородно семејство и седиштето и било во градот Ошакан.

Регионот во мнозинство е населен од Ерменци, но има и значителен број на Језиди, кои се Курди.

Западниот агол на Арагацотн граничи со Турција, а исто така и со следниве области: Ширак - север Лори - североисток Котајк - исток Армавир - југ Атагацотн исто така дели и мал дел од својата граница со Ереван. Поврзано Административна поделба на Ерменија Ерменија

Надворешни врски Водич низ Арагацотн со детални информации од Рик Неј Туристички водич

Категорија:Ерменија Категорија:Административна поделба на Ерменија Категорија:Кавказ