мини|Влачарница Волнолачарски занает — занает за обработка на волна. Откако волната ќе се отстрани од овците, се пере и се суши, па се носи кај човек што се занимава со овој занает, односно кај волновлачар.
Начин на работа Волната се става на машина која ја „влачи“, односно ја расчешлува волната, со то таа станува повоздушеста и подготвена за понатамошна обработка. Со ваквата постапка, волната се ослободува од нечистотии, како што се разни ситни дрвени иглички, кои се собираат во волната со текот на времето.
Некогаш постоеле работилници за влачење на волната кои работеле на водена енергија, слично на водениците. Во поново време, таквиот начин бил заменет со машини кои работат на електрична енергија.
Вака сработената волна, потоа се преде со помош на вретено. Вообичаено жените го правеле тоа: ја извлекувале волната како конец, кој потоа служел за плетење.
Дел од задачите кои ги врши еден волновлачар се и расчешлување на волната во јорганите и/или душеците, и на тој начин волната се смета за рециклирана, односно може да се употреби за повторно полнење на јоргани и/или душеци.
Во Македонија, во 1950-ти и 1960-ти години сè уште постоеле работилници кои се занимавале со оваа дејност.Службен весник
Наводи
Категорија:Занаети