„Бруклин“ (англиски: Brooklyn) — филм од 2015 година, во режија на Џон Кроули (John Crowley), снимен по сценариото на Ник Хорнби (Nick Hornby), засновано врз истоимениот роман на Колм Тојбин (Colm Tóibín). Главните улоги ги играат: Суршуна Ронан (Saoirse Ronan), Емори Коен (Emory Cohen), Донал Глисон (Domhnall Gleeson), Џим Бродбент (Jim Broadbent), Џули Волтерс (Julie Walters) и Фиона Гласкот (Fiona Glascott). Филмот се нашол на списокот на стоте најдобри филмови на 21 век, составен од Би-би-си, а имал три номинации за „Оскар“ (за најдобар филм, за најдобра глумица и за најдобро адаптирано сценарио), како и номинација за БАФТА во категоријата најдобар британски филм.Brooklyn, britansko-kanadsko-irsko-belgijski film (2015.) (пристапено на 18.11.2025)

Содржина Дејствието на филмот се одвива во 1950-тите. Ајлис Лејси (ја игра Ронан) е млада жена од еден мла град на југоистокот на Ирска, која живее со мајката и со сестрата Роуз (ја игра Гласкот). Та а работи само за време на викендот, зашто не може да најде постојана работа. Поради тоа, нејзината сестра го замолува ирскиот свештеник (го игра Бродбент) да ѝ помогне на Ајлис да најде работа во САД. Така, Ајлис е доселува во Бруклин, каде живее во пансион, а работи во стоковна куќа. Таа е повлечена и срамежлива и тагува по родната куќа. По некое време, за време на една забава, таа го запознава Тони (го игра Коен) со кого започнува љубовна врска. Меѓутоа, од Ирска пристига веста дека ненадејно умрела мајка ѝ, па Ајлис мора да се врати во Ирска...

Наводи

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Британски филмови Категорија:Канадски филмови Категорија:Ирски филмови Категорија:Белгиски филмови Категорија:Филмови со Емори Коен Категорија:Филмови со Џим Бродбент Категорија:Филмови со Фиона Гласкот Категорија:Филмови со Суршуна Ронан Категорија:Филмови со Донал Глисон Категорија:Филмови со Џули Волтерс Категорија:Филмови од 2015 година Категорија:Филмови на Џон Кроули Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Ирска