Енамелоидот познат како дуродентин или витродентин, е ткиво кај рибите. Тоа е првична надворешна компонента на забите и дермалните дентикули на ајкулите, а модифицирани форми на енамелоидите се јавуваат и во лушпите на зракоперките и виличните ’рбетници. Кај изумрените, оклопни безвилични ‘рбетници како што се хетеростраците, емајлоидот ја формира надворешната компонента на школкастиот дермален оклоп. Иако потеклото на емајлоидот е дебатирано, тој веројатно е хомологен на дентинот, а не на вистинскиот емајл, и покрај неговата цврстина и развој слична на емајлот. Терминот опфаќа секое хиперминерализирано ткиво со органско „скеле“ кое се состои од ектодермални и ектомезенхимални протеини.
Категорија:Анатомија на риби