Alburnus chalcoides — слатководна зракоперна риба од семејството Leuciscidae.

Опис и градба Рибата е со издолжено тело има од 57 до 70 парчиња помали лушпи по страничната линија, грбот и горната страна на главата се темни по боја со зеленикави нијанси, а страните на телото, како и стомакот, се сребрени по боја. Перките, освен опашката, се сивкасти по работ, а во основата стануваат црвеникави. Просечните примероци растат од 15 до 25 см, а постојат и податоци за примероци над 40см.

Навики, живеалиште, распространетост Рибата живее во помирните води на сливот на Црното Море. Во Дунав и неговите поголеми притоки. Оваа риба плови во јато. Се храни со ларви од инсекти, планктонски ракови и инсекти што паѓаат на површината на водата.

Репродукција Рибата се мрести од април до јуни, во крајбрежната област на чакалеста подлога. Достигнува полова зрелост на возраст од три до четири години. Нејзината плодност е од 20.000 до 40.000 јајца. За време на мрестењето, мажјаците развиваат брадавични израстоци на главата и предниот дел од телото.

Наводи

Категорија:Риби на Европа Категорија:Крапови Категорија:Статии со надворешни врски на англиски Категорија:Незагрозени видови според МСЗП