Терор () — американска натприродна телевизиска серија на ужасите.

Сценариото за првата сезона е засновано на истоимениот роман на американскиот писател Ден Симонс и започнало да се прикажува во март 2018 г. на телевизискиот канал АМС. Премиерата на првата сезона во САД се одржала на 26 март 2018 г. Премиерата на втората сезона се одржала на 12 август 2019 г.

Во февруари 2024 г., серијата била продолжена за трета сезона, која ќе биде заснована на романот „Ѓаволот во сребро“ од писателот Виктор Лавал.

Заплетот на првата сезона Во 1845 г., два брода на Кралската воена морнарица на Обединетото Кралство, „Терор“ и „Еребус“, испловуваат во потрага по Северозападниот Премин низ Арктикот.

Набргу, бродовите се заглавуваат во мразот, а членовите на нивните екипажи се соочуваат не само со сурови природни услови, болести и недостиг на залихи на храна, туку и со некаква непријателска сила што се појавува во облик на огромната бела мечка Тунбак.

Основата на заплетот лежи во вистинската историја на настраданата поларна експедиција на англискиот истражувач Џон Френклин од 1845 до 1848 г., како и во романот „Терор“ од Ден Симонс, објавен во 2007 г. Исто така, вклучени се и елементи од ескимската митологија, особено преданијата за морската божица Седна и џиновските бели мечки Нанурлук и Кукувеак.

Во филмската адаптација има неколку отстапувања од главната приказна на романот, особено, изменет е крајот и се исфрлени некои споредни раскажувачки линии.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски телевизиски серии __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__