мини|грне од Виган Филипинската керамика се однесува на керамичка уметност и грнчарија, кои се дизајнирани или произведени како форма на филипинска уметност. десно|мини|150x150пкс|Праисторија на доцното метално доба на Филипините во музеј

Историја мини|Тегла Манунгул од доцна неолитска era, користена за погребување, на врвот со две фигури, во пештерата Манунгул десно|мини|Тапајански тегли Традиционалната изработка на грнчарски садови во одредени области на Филипините, вклучувала користење на глина пронајдена во близина на реката Сибалом. За обликувањето на глината имало потреба од користење на дрвени лопатки, а глината морало да се чува подалеку од сончевата светлина.

Филипинци, се занимавале со грнчарство уште пред 3500 години. Тие ги користеле овие керамички садови за да ги држат починатите во нив.

Други грнчарски предмети, кои што се користеле за чување на останки од починати, биле украсени со антропоморфни дизајни. Овие антропоморфни глинени садови датираат од 5 п.н.е. до 225 н.е. и имале капаци во облик на човечки глави.

Грнчарство Калинга

Керамичките садови од Калинга се поделени во три вида: садови за готвење на ориз (иттојом), садови за готвење на зеленчук/месо (оппаја) и садови за складирање вода (имосо). Според Скибо, садовите за готвење на ориз се обично поголеми, потенки и имаат помал отвор од садовите кои се користат за зеленчук/месо. Од друга страна, садовите за складирање на вода имаат просечна и униформирана големина и помала големина на вратот.

Освен садовите за складирање вода, кои имаат униформирана големина, другите два вида можат да се сретнат во три различни големини,односно голема, средна и мала. Иако ова е точно во некои случаи, постои и друг поголем вид на садови за зеленчук/месо и помали садови за складирање на вода.

Производство на грнчарски производи од Калинга мини|Група на грнчари од Игорот, Самоки, Планинска област (1910) Првиот чекор во производството на саксии е набавката на почетниот материјал, поточно глина. Потоа глината се толчи, се додава доволно вода за да се постигне саканата флексибилност и се става во ротирачка плоча. Користејќи техники на рачно моделирање, намотување и стружење, се одредува висината, дебелината и обликот на саксијата, а после тоа, работ се дизајнира со поставување на влажна крпа врз неа, по што се одвива ротирање во спротивната насока. Понатаму, стружење на ѕидовите може да се направи и во случај ако произведените ѕидови се премногу дебели.

Саксијата, по фазата на моделирање, се суши кратко време, пред да се обликува нејзината основа. Исто така, по дополнителното загревање, се додаваат мали количини на глина во и надвор од глината, за да се одржи рамномерноста на површината. Чекорот на полирање може да се направи и со употреба на камен за полирање. Во некои случаи, саксиите се бојадисуваат и со црвена хематитска боја за стилизиран дизајн.

Грнчарски функции

Саксиите се керамички садови кои се прават со обликување на глината во саканата форма, а потоа се оставаат во средина со покачена температура, со што тие стануваат цврсти и стабилни. Тие се широко признаени како една од подобрите алатки кои што ги измислиле луѓето, бидејќи во нив успевале да го складираат вишокот на храна што ја собирале неолитските луѓе.

Во неговата книга „Функција на грнчарството: перспектива за промена на употребата“, авторот Џејмс Скибо објаснил зошто употребата на садови е многу поповолна од кошниците и другите органски садови. Тој сметал дека имајќи предвид што грнчарските садови најчесто се изработуваат од глина, топлината има мал или никаков ефект врз садот и неговата содржина и дека ја штити храната од влага и штетници. Понатаму, неговиот опсег на содржина што може да се складира е многу поширок од оној на кошниците и животинските кожи, бидејќи може да складира и течни и суви производи.

Исто така, Рајс, во својата книга „Анализа на грнчарството“, ги класифицирал керамичките садови во 17 категории и тоа во зависност од различните фактори што се однесуваат на употребата и производството на алатот. Една од нив е содржината, при што тој понатаму го поделил видот на сад на четири категории во зависност од состојбата (течна или цврста) и температурата (топла или ладна) на храната во него. Тој исто така рекол дека керамиката има три главни намени, односно: складирање, преработка и пренос.

На основа на овие три употреби кои Рајс ги дал, Скибо дополнително ја карактеризирал употребата на керамички садови со поделба на функцијата на алатот на два дела: (1) наменска употреба и (2) вистинска употреба.

Наменската употреба, како што имплицира името, е начинот на кој треба да се користи алатот. Ова е основата на производството на керамичкиот сад, бидејќи формата ја следи функцијата. Од друга страна, вистинската употреба е начинот на кој во реалност се користел алатот. Ова понекогаш ја занемарува формата на садот, сè додека може да извршува одредена функција за која е наменет.

Грнчарството Калинга и неговата употреба мини|Тегла од Филипините, сместена во Музејот на уметност во Хонолулу, датира од 100–1400 година од нашата ера. Во Калинга, керамичките садови можело да се користат за две ситуации: во секојдневниот живот и во церемонијална употреба.

• Утврдување на вистинската функција на садовите Калинга

Како што беше кажано, грнчарството понекогаш има различна вистинска употреба од наменетата. Ова е причината зошто кога археолозите ја проучуваат функцијата на грнчаријата, тие имаат тенденција да се фокусираат на тоа како алатката всушност била користена. Тие го прават ова со проучување на промените што ги има грнчаријата. Овие промени, акреција и триење, се најчесто абразии и гребнатини на садот. Во студијата на Скибо за функциите на грнчаријата Калинга, тој се потпирал на три главни теста, поточно (1) растворен остаток, (2) површинско триење и (3) таложење на јаглерод.

Растворени остатоци – Овој тест бил направен за да се утврдат органските материи што некогаш биле ставени во садот. Преку комбинација на гасен хроматограф и масен спектрофотометар, бил утврден составот на масните киселини во садот. Иако не била можна целосна идентификација на видовите растенија и животни, Скибо успеал да дознае кои садови се користат за готвење ориз и зеленчук/месо. Површинско триење – Студијата на Скибо за триењето на садовите покажала како се користи садот. Со гледање на трагите од триење во садот, се утврдил видот, фреквенцијата, аголот и насоката на мешање за секој сад. Понатаму, Скибо заклучил дека два сада можат да се разликуваат еден од друг, врз основа на видот на храна што се готви, според гребнатините. Тој рекол дека садовите за ориз ќе имаат мала бројј траги и гребнатини, додека садовите за зеленчук/месо ќе имаат бројни траги. Таложење на јаглерод – Овој тест, како што вели Скибо, може да го одреди видот на храната што се готвела, како се готвела и како садот бил ставен на пламенот. Од ова, се воспоставила уште една разлика помеѓу садовите со ориз и зеленчук/месо.

Грнчарство од железното доба

Во железно доба, постојат три главни грнчарски комплекси на Филипини: Солхајм, Каланај, Новаличес и Бау. Грнчарскиот комплекс Каланај се однесува на грнчаријата на Бејер од раното железно доба на Висајанските острови пронајдена во Негрос и Миндоро; грнчарскиот комплекс Новаличес се однесува на грнчаријата на Бејер од раното железно доба од покраината Ризал. Грнчаријата Бау, од друга страна, не се вклопува во претходните два комплекса и наместо тоа може да одговара на грнчаријата од доцното железно доба.

Грнчарски комплекс Каланај

Типично место на грнчарскиот комплекс Каланај е пештерата Каланај пронајдена во Масбате. Од ова место, грнчаријата е понатаму поделена на типови грнчарство Каланај и Багупантао.

Специфични видови на декорација се следниве:

Спарени дијагонали и рамки, со варијации кои вклуќуваат единечни дијагонали или вертикали и рамки, или брановидни линии и рамки; Криволинеарни свиоци и триаголници; Правоаголен свиток; Триаголници со варијации, вклучувајќи наизменични триаголници и граници или триаголници што се движат; Правоаголници и дијагонали; Зооморфи; Точкасто поле каде што областите поврзани со засечени линии се нагласени со интерпункциски знаци или цртички; Дијагонали без граници, вклучувајќи лента од хоризонтални V-ја и наизменични дијагонали надвор од централната линија; Втиснат или резбан дизајн на капина; Резбани исечоци во прстенести држачи.

Комплексот грнчарија Каланај може да се подели во 12 групи според Солхајм.

Големи тегли со широки вратови; Големи тегли со тесни вратови; Мали тегли; Длабоки чинии; Плитки чинии; Многу плитки чинии; Капаци; Плитки чинии со прстенести држачи; Тетраподи; Тегли со агол помеѓу страната и дното; Сферични тегли со мали отвори, без агол на работ; Аголни садови.

Комплекс за грнчарство Бау

Има помали варијации и во формата и во декорацијата споредено со грнчарскиот комплекс Каланај.

Специфични видови на декорација се следниве:

Инспирирани од весла; Инспирирани од алат, вклучувајќи едноставна алатка и сложена алатка; Печат Апликациски ленти од глина

Во однос на формите:

Мали тегли со извртени рабови; Мали тегли без извиткан раб; Мали тешки тегли со рамно дно; Чаши со прстенести ногарки и Тегли со прстенести ногарки

Грнчарски комплекс Новаличес мини|Носачи со садови за вода, во Илоило (1899). Поголемиот дел од грнчарскиот регион Новаличес може да се разликува од грнчаријата Бау и Каланај. Иако има заедничка форма и декорација со грнчаријата Каланај, таа содржи поголема варијабилност во споредба со грнчаријата Бау. Според Солхајм (2002), „тоа е најсофистицираната грнчарска граѓа што досега е пронајдена на Филипините“

Грнчарството Новаличе може да се разликува според формоте - плитка чинија со висока десна нога. Плитката чинија е генерално обична, но ногарките се многу украсени. Поголемиот дел од грнчарството Новаличе било полирано. Формата е толку симетрична што изгледа како да е изработена во грнчарско тркало, но испитувањата покажале дека не е така.

Специфичните видови на декорација се следниве:

Исечоци; Тесни вертикални елементи; резбани, врежани со алато или линии што се протегаат со врежани линии; Хоризонтални и дијагонални елементи, вклучувајќи едноставни отпечатоци од алатки, сложени отпечатоци од алатки и резбани елементи и Хоризонтални широки втиснати линии

Формите на садовите се следните:

Плитки чинии со високи прстенести држачи; Плитки чинии со ниски држачи; Тегли со држачи со низок прстен; Аголни тегли и Тегли со кратки вратови и извиткани рабови.

Пештерата Каланај

Пештерата Каланај е мала погребна пештера, а се наоѓа на северозападниот брег на Масбате.

• Грнчарство Каланај

Рамнина Каланај; Поголемиот дел (80 проценти) од ископаните садови; Варијации во големината и обликот; Техника употребена во производството: Техника со лопатка и наковална; Разлики во основата на садовите (некои имаат заоблено дно, додека некои користат прстенеста нога или тетрапод за потпора); Големи забележливи разлики во бојата што се поврзани со неможноста на грнчарот да го контролира огнот, предизвикувајќи нееднаква распределба на топлината.

• Засеченици од Каланај

Засечено околу вратот, работ на теглата или надворешноста на чинијата во лента од повторувачки елементи; Не е посветено големо внимание, па теглите изгледаат лошо изработени и покрај добро осмислениот дизајн. Ова може да се припише на можноста дека одредената традиција на ова тенџере повеќе не била значајна за производителот; Каланај-инспириран: едноставна алатка и едноставна и сложена алатка Едноставна алатка за втиснување што се наоѓа околу теглата или чинијата со прирабница

Грнчарство Багупантао

• Рамнина Багупантао

Поголемиот дел од смесата во саксиите е црвено-кафеава по боја, а малку е сива или црна. Нејзината текстура се движи од фина до средна, а дебелината обично е 5–8 mm во должина. Вообичаените форми на садовите се тегли со широки до тесни отвори и се нормално големи (дијаметар на телото од 24 до 35см).