Коста Конкордија () — крузер управуван од италијанската компанија Costa Crociere. Тој бил првиот брод од својата класа, по кој следеле неговите сестрински бродови Costa Serena, Costa Pacifica, Costa Favolosa и Costa Fascinosa, како и Carnival Splendor изграден за Carnival Cruise Line. Кога Коста Конкордија (од 114.137 тони) и нејзините сестрински бродови влегле во служба, биле меѓу најголемите бродови изградени во Италија, сѐ до изградбата на бродовите од класата „Дрим“ од 130.000 бруто-тони.

На 13 јануари 2012 г. во 21:45 часот, Коста Конкордија удрила во карпа во Тиренското Море, веднаш до источниот брег на островот Џиљо. Ова предизвикало процеп од 53 метри на левата страна од трупот, што набрзо поплавило делови од машинската сала, прекинувајќи го напојувањето на моторите и бродските услуги. Како што навлегувала водата, бродот почнал да се наведнува додека пловел назад кон островот, каде што на крајот се насукал во близина на брегот, а потоа се превртил на десната страна, лежејќи во нестабилна положба на карпест подводен гребен.

Евакуацијата на Коста Конкордија траела повеќе од шест часа, а од познатите 3.229 патници и 1.023 члена на екипажот што биле во него, 32 лица загинале. Франческо Скетино, тогашниот капетан на бродот, бил изведен пред суд и прогласен за виновен за убиство од небрежност, предизвикување поморска несреќа и напуштање на својот брод. Во 2015 г. бил осуден на шеснаесет години затвор. Остатоците од бродот биле извлечени три години по случката и довлечени до пристаништето во Џенова, каде што бродот бил расклопен за старо железо.

Историја Договорот за изградба на брод со должина од 290 метри, со капацитет за 3.700 патници и екипаж од 1.100 лица, бил потпишан меѓу компанијата Costa Crociere и италијанското бродоградилиште Fincantieri на 19 јануари 2002 г. На 2 септември 2005 г., бродот под фабрички број 6122, чија вредност изнесувала 450 милиони евра, бил спуштен во вода. Бродот бил доопремен на терминалот за довршување и му бил предаден на сопственикот на 30 јуни 2006 г.

Церемонијата на крштевање на бродот се одржала на 7 јули 2006 г. Кума на Коста Конкордија била чешката суперманекенка Ева Херцигова, која при „крштевањето“ на бродот не успеала да го скрши шишето шампањ, што во поморството се смета за лош предзнак.Kreuzfahrt endet beim ersten Dinner (Круиз заканчивается после первого же ужина) автор Paul Kreiner

На овој брод биле снимени многу сцени од филмот „Социјализам“ на режисерот Жан-Лик Годар.

Наводи

Надворешни врски

Nautical chart and satellite photo of grounding site – la Repubblica Layout of the Costa Concordia and descriptions of the cabins and deck areas __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:2012 во Италија Категорија:Крстосувачи