Неготинска Околија ― поранешна околија во Македонија, која постоела во периодот 1945-1947.
Историја Неготинската Околија била основана во 1945 година. Таа била дел од Велешкиот Округ и седиште на околијата било во Неготино. Нејзини составни месни народни одбори (општини) биле Бесвица, Вешје, Војшанци, Горна Драчевица, Горни Дисан, Демир Капија, Долни Дисан, Дрен, Клисура, Корешница, Криволак, Курија, Неготино, Паликура, Пепелиште, Прждево, Росоман, Тимјаник, Тремник, Челевец и Џидимирци. Во 1947 година, според новата административна поделба, Неготинската Околија била укината на сметка на соседната и проширена Кавадаречка Околија.
Наводи