Како што е често случај после голема војна, крајот на Втората светска војна довел до експлозија на наталитетот во многу земји, особено во Европа, Азија, Северна Америка и Австралија. Оваа експлозија во наталитетот го добила името бејби-бум (англ. baby-boom — „бебешки бум“) од еден напис на Силвија Ф. Портер, колумнист на Њујорк Пост.From "Babies Equal Boom", New York Post, 4 мај, 1951. Периодот кој обично се смета за бејби-бум по Втората светска војна е од 1946−1964. Само во САД, околу 76 милиони бебиња се родени во тој период. Во 1946, бројот на новородени пораснал од 222.721 во јануари на 339.449 во октомври. До крајот на 1940-тите се родиле околу 32 милиони бебиња, споредено со 24 милиони во 1930-тите. Во 1954 г., годишната стапка на раѓања надминала 4 милиони и останала на тоа ниво до 1965 г., кога 40% од населението било на возраст под 20 години.Figures in Landon Y. Jones, "Swinging 60s?" in Smithsonian Magazine, January 2006, pp 102–107.

Причината за настанувањето на оваа експлозија во наталитетот биле претходните 20 години во кои одгледувањето деца било отежнато поради Големата криза и Втората светска војна. Порастот на наталитетот го одразувал подобрувањето на социјалните и економските услови кои претходно ги оневозможувале луѓето да основаат семејства.

Многу европски земји, Австралија и Нов Зеланд исто така искусиле експлозија на наталитетот. И во Република Македонија е регистриран пораст на наталитетот во истиот период.

Експлозијата во наталитетот довела до создавање на една цела генерација на популација која одиграла позитивна улога во економскиот развој, во културата, и во општествениот развој на матичните земји.

Наводи

Категорија:Наталитет Категорија:20 век Категорија:Плодност