Свети Петар и Павле (позната и како Трпчева Црква) — главна манастирска црква на Трпчевиот манастир во мариовското село Дуње, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа 2 километри југозападно од селото Дуње, а на околу 300 метри лево од регионалниот пат 1107.

Историја

Според Археолошката карта на Македонија, мештаните во 1985/86 самоиницијативно ја изградиле црквата од камен и кал врз темелите на трикорабна ранохристијанска базилика од IV век која се наоѓа на археолошкото наоѓалиште Трпчева Црква, додека според натписот над главниот влез црквата била обновена во 1984 година од месното население на селото Дуње.

Првичната црквичка на ова место постоела од XVIII–XIX век.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна.

Во поново време, црквата е препокриена со ќерамиди и биле поставени керамички плочки во наосот.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Дуње

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Категорија:Храмови посветени на Свети Петар и Павле во Македонија Категорија:Трпчев манастир