Трстеница (, Криопиги; до 1927 г. Τρεστενίτσα, Трестеница) — поранешно село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Зелјахово на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба Селото се наоѓало на северната страна на реката Драматица во клисурата Ташлак, околу 5 км југозападно од селото Алистратик, на надморска височина од 190 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Зихна од 1659-1660 година селото е наведено под името Дрстениче со 22 домаќинства.Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 291.
Во XIX век Трстеница било македонско село во Зихненската Каза на Серскиот Санџак. Според грчка статистика од 1866 г. во Трестеница (Τρεστενίτσα) живееле 125 Македонци христијани.Σχινά, Ν. "Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία", τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, цитирано по официалния сайт на Дем Зиляхово Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 42 македонски домаќинства.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Трстеница (Trësténitsa) имало 52 домаќинства и 180 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 146-147.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Трстеница имало 320 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трстеница имало 240 Македонци под врховенство на патријаршијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 202-203.
Во Грција Во Првата балканска војна Трстеница е окупирана од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 154 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 124.
По Првата светска војна во 1923 година во селото биле населени само 7 грчки бегалци. Во 1927 година, името на селото било променето во Криопиги (Κρυοπηγή).
Население Бидејќи настрадало за време на Балканските војни, во пописот од 1913 година, селото било забележано со 154 жители, во 1920 година со 124 жители, во 1928 година со 182, а во 1940 година со 228. Следната 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 216 жители. Во пописот од 1951 и 1961 година било забележано со 210 жители, а во 1971 г. само со еден жител, што укажува дека селото веќе било речиси сосема напуштено, иако во 1981 г. е попишано со 15 жители. Во пописот од 1991 г. селото е избришано од евиденција.
Личности Родени во Трстеница
Кочо Муструкот (1873 - 1901) — македонски револуционер и војвода
Наводи