Амад Диало (роден на 11 јули 2002 година, во Абиџан) — брежански фудбалер, или на и на репрезентацијата на Брег на Слоновата Коска.
Биографија Во септември 2020 година, тој законски го промени своето име од Амад Диало Траоре во Амад Диало, додека на крајот на декември, истата година, добил италијанско државјанство.
Истата година, била објавена истрага од страна на јавното обвинителство на Парма, која, покрај истрагата за веродостојноста на документите што му дозволиле да пристигне во Италија, фрлила сомнеж и врз неговата врска со Хамед Траоре (кој според фактите во тоа време, се сметал за негов постар брат и бил регистриран во ).
На 10 февруари 2021 година, Диало бил прогласен за виновен за кршење на кодексот за спортска правда поради тоа што се приклучил на фудбалскиот клуб Бока Барко во 2015 година, под името Амад Диало Траоре. Тој бил обвинет и за фалсификување документи со цел да се симулира семеен однос со Хамед Траоре и да побара семејно обединување. Двајцата играчи побарале спогодба за признавање на вина за казната, со што добиле парична казна од 48.000 евра од Федералното обвинителство.
Технички карактеристики Напаѓачки крилен играч, кој може да игра и во средниот ред како „мецала“. Иако претежно игра по десната страна, тој е способен подеднакво добро да игра со двете нозе што го прави многу разноврсен играч. Неговата идеална позиција е зад главниот напаѓач, или како крило во тројка напред, но играл дури и како десен бек, под водството на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед.
Станува збор за многу динамичен и брз играч со високи технички способности и добра визија за играта. Поседува вештини за забрзување и дриблинг, честопати дриблајќи со користење на мали допири на топката и справувајќи се со одбранбените играчи, наместо да се надтрчува во просторот. Тој е познат по изведување додавања со пета и други трикови.
Клупска кариера Аталанта Роден во Абиџан, Диало пристигнал во Италија како дете со своето семејство. На 14 јануари 2015 година, тој се приклучил на Бока Барко, екипа од Бибијано, со која настапил на божиќен турнир истата година, каде што биле присутни скаути од некои клубови од Серија А, вклучувајќи ја и , која го довела во своите редови.
Во младинските тимови на клубот од Бергамо, Диало се утврдил како еден од најперспективните играчи, брзо искачувајќи се низ нивоата сè додека не бил повикан во Примавера тимот на постојана основа во сезоната 2018-2019. На крајот од сезоната, тој го освоил Примавера првенството, придонесувајќи за успехот со шест гола и исто толку асистенции во 26 настапи. Тој ја започнал следната сезона со освојување на Суперкупот Примавера и тоа како протагонист, забележувајќи две асистенции во победата од 2-1 над и потврдувајќи се уште еднаш на високо ниво и во првенството.
На 27 октомври 2019 година, Диало го добил својот прв повик во првиот тим, за натпреварот од Серија А против . Откако влегол во игра во 77-мата минута како замена за Јосип Иличиќ, шест минути подоцна, тој го постигнал голот за конечни 7-1: ова го направило првиот играч роден во 2002 година, кој постигнал гол во највисоката италијанска лига, како и 14-тиот најмлад во историјата.
Следната година, тој го имал своето деби со „нероаѕурите“ во Лигата на шампионите, на 1 декември 2020 година, во нерешениот резултат 1-1 на домашен терен против . Ова бил неговиот втор настап за сезоната за Аталанта, по оној на 28 ноември во поразот со 2-0 на домашен терен од .
Манчестер Јунајтед thumb|upright|Диало играјќи за во 2021 На 5 октомври 2020 година, Аталанта се согласила да го продаде Диало на Манчестер Јунајтед, за износ во вредност од 37 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Диало официјално му се приклучил на клубот на 7 јануари 2021 година, откако потпишал петгодишен договор со опција за продолжување на уште една година.
Амад постигнал два гола на своето деби за тимот под 23 години, во победата од 6–3 над Ливерпул на 30 јануари. Тој првпат бил повикан во сениорскиот тим на 9 февруари, како неискористена замена во натпреварот од петтото коло на ФА купот против Вест Хем Јунајтед, кој завршил со победа на Манчестер Јунајтед од 1–0 по продолженија. На 18 февруари, Амад го направил своето деби за првиот тим на Јунајтед влегувајќи како замена за Мејсон Гринвуд во победата од 4–0 над Реал Сосиедад на гостински терен во првиот натпревар од шеснаесттина финалето на Лига Европа. Неговиот прв гол за Јунајтед дошол на 11 март, во ремито 1–1 на домашен терен против Милан во првиот натпревар од осминафиналето на истото натпреварување.
На 11 мај, Диало го имал своето деби во Премиер лигата, во натпревар против Лестер Сити во кој асистирал за голот на Гринвуд во поразот од 2–1; голот станал редок подвиг, бидејќи првпат после 15 години се случило да еден тинејџер му асистира на друг за гол во Премиер лигата.
Амад го одиграл својот прв натпревар во сезоната 2021–2022 на 8 декември 2021 година, започнувајќи го натпреварот групната фаза на Лигата на шампионите против Јанг Бојс.
Позајмиците во Ренџерс и Сандерленд На 27 јануари 2022 година, Диало бил позајмен на клубот од Премиер лигата на Шкотска, Ренџерс, до крајот на сезоната. Тој го имал своето деби на 29 јануари, постигнувајќи го првиот гол во натпреварот завршен нерешено 3–3 на гостувањето против Рос Каунти. На 21 мај, тој започнал како стартер и играл до 63-тата минута во натпреварот од финалето на Купот на Шкотска, добиено со 2-0 по продолженија против Хартс со што го освоил својот прв трофеј во професионалната кариера. Позајмицата ја завршил со вкупно 13 настапи и 3 гола.
На 31 август 2022 година, Диало се приклучил на Сандерленд во Чемпионшип, на позајмица до крајот на сезоната. Својот прв гол за клубот го постигнал на 22 октомври, во поразот од Барнли на домашен терен со 4–2. Со три гола во пет натпревари во декември, тој ја освоил наградата ФЛА Млад играч на месецот. Сезоната ја завршил со 14 гола и 4 асистенции во сите натпреварувања, со што бил најдобар стрелец на Сандерленд таа сезона, вклучувајќи го и голот од околу 20-тина метри од слободен удар во полуфиналето на плејофот против Лутон Таун.
Враќање во Манчестер Јунајтед По речиси две години, Диало го одиграл својот прв натпревар за Манчестер Јунајтед на 30 декември 2023 година, кога влегол како замена во поразот од 2–1 на гости кај Нотингем Форест. На 17 март 2024 година, го постигнал победничкиот гол во последната минута од продолжението во успехот со 4–3 над Ливерпул во четвртфиналето на ФА купот; секунди потоа, тој добил втор жолт картон и бил исклучен откако го соблекол дресот за време на прославата на голот. На 15 мај, го постигнал својот прв гол во кариерата во Премиер лигата, во победата со 3–2 над Њукасл Јунајтед на Олд Трафорд.
Репрезентативна кариера На 18 март 2021 година, Диало го добил својот прв повик во репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска за натпреварите од квалификациите за Африканскиот куп на нации 2021 против и ; своето деби го имал осум дена подоцна, заменувајќи го Никола Пепе во победата со 3-0 против Нигер. На 5 јуни, во својот втор настап, тој го постигнал својот прв гол за националниот тим, во победа со 2-1 против во пријателски натпревар.
На 3 јули 2021, Диало бил повикан во Олимписката репрезентација на Брегот на Слоновата Коска за Летните олимписки игри 2020. Своето деби на Олимписките игри го имал на 22 јули, кога асистирал за еден од головите во победата со 2–1 над Саудиска Арабија. Тој забележал четири настапи на турнирот, на кој неговата репрезентација стигнала до четвртфиналето во кое загубила од Шпанија со 5-2.
Во декември 2025, бил повикан во сениорската репрезентација за да учествува на Африканскиот куп на нации 2025.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 26 мај 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2019-2020 А 3 1 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 3 12020-јан. 2021 А 1 0 КИ - - ЛШ 1 0 - - - 2 0Вкупно Аталанта 4 1 0 0 1 0 - - 5 1 јан.-јун. 2021 ПЛ 3 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 ЛЕ 4 1 - - - 8 1 2021-јан. 2022 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 1 0 - - - 1 0 јан.-јун. 2022 ШПЛ 10 3 КШ+ЛКШ 3+0 0 ЛЕ 0 0 - - - 13 3 2022-2023 ФЛЧ 37+2Плејоф 13+1 ФАКуп+ЛК 3+0 0 - - - - - - 42 14 2023-2024 ПЛ 9 1 ФАКуп+ЛК 3+0 1+0 ЛШ 0 0 - - - 12 2 2024-2025 ПЛ 26 8 ФАКуп+ЛК 2+3 0+1 ЛЕ 11 2 КШ 1 0 43 11 2025-2026 ПЛ 15 2 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 16 2Вкупно Манчестер Јунајтед 53 11 10 2 16 3 1 0 80 16Вкупно во кариерата 106 29 16 2 17 3 1 0 140 34
Титули Ренџерс Куп на Шкотска : 1 2021-2022
Манчестер Јуанјтед ФА куп : 1 2023-2024
Наводи
Надворешни врски
Амад Диало на soccerway Амад Диало на transfermarkt Амад Диало на espn Амад Диало на whoscored
Категорија:Брежански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Луѓе од Абиџан Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026