мини|315x315пкс|Охридски чун, изложен во НУ Музеј на Македонија Охридски чун – дрвно пловило во Охридското Езеро до средината на 20 век. Врз основа на усните и пишаните преданија се смета дека охридскиот чун бил основно превозно средство во водите на Охридското Езеро од пред повеќе од 300 години. Чунот по својата градба бил многу безбедно средство за пловење.

Употреба Чунот се користел за риболов, за кираџиство – пренесување жито, дрва, грозје, други стоки, пошта и патници на линиите: Охрид – Поградец, Струга, Свети Наум, Лин, Пештани, Трпејца, но и за рекреација – прошетки по езерото, за свадби, панаѓури и верски празници, особено на празникот Водици, кога крстот се фрлал од чун кој бил украсен со зеленило.

Видови Имало три вида чунови: голем чун - за превоз и трговија, среден чун - за ловење риби, и мал чун - за шетање и разонода.

Градба мини|Музејска макета од охридски чун, Охрид Костурот на чунот се состоел од три основни дела: предница со закрилци од двете страни, душеме со две издлабени кори кои оделе по должината на чунот од двете страни, и задница. Корите, а понекогаш и предницата биле од чам, додека другите делови од бука. Димензиите на чунот биле различни зависно од неговата големина. Должината на чунот се движела од 4-6 или 7 метри, ширината од 1,40-1,60 метри, додека задницата била широка 1,50-1,60 метри. Задницата била висока околу 30 см, а предницата била повисока – околу 70 см. Душемето било од внатрешната страна прицврстено со три букови прагa на растојание од еден метар. На предната половина се поставувале седишта за веслачите и на задницата седиште за примачот или кормиларот. По горниот раб на левата страна од чунот имало отвори за „г’жви“ од јаже за држење на веслата. Деловите биле поврзани – вглавени и со железни клинци зацврстени, а процепите исколчени со памук.

Движење Чунот бил придвижуван со веслање. Веслачи обично биле тројца на предницата свртени кон задницата и еден примач на задницата свртен кон предницата на чунот.

Наводи

Категорија:Видови пловила Категорија:Воден сообраќај Категорија:Риболовна опрема