Битка кај Арк — битка водена на 4 април 1303 година во францускиот град Арк помеѓу Грофството Фландрија и Кралството Франција.

Позадина Битката кај Златните Мацки била срамен пораз за кралот Филип IV од Франција, со кој се ослободила целата област од француска окупација. Желен за одмазда, кралот Филип собрал нова војска под водство на Гоше де Шатијон, конетабл на Франција и се упатил во битка против Фландрија. Фламанците под водство на Вилијам од Јилих ги пресретнале француските трупи на 30 август 1302 година, помеѓу Арас и Дуаи. Биле започнати преговори и двете армии се повлекле неколку дена подоцна без борба.

Битка Во пролетта 1303 година, француската војска се движела против Сен-Омер. Гијом од Јилих одговорил со напад врз слабо бранетиот град Арк, убивајќи го францускиот гарнизон од 60 војници и запалувајќи го градот. Де Шатијон побрзал кон Арк, каде што Фламанците се подготвувале за битка. Како и во Битката кај Златните Мацки, Гијом од Јилих ја распоредил својата пешадија, главно од Ипр во формација во облик на потковица. Со часови, Французите се обидувале да ја пробијат фламанската формација, но без успех. Конечно, Французите се повлекле во Сен-Омер, оставајќи 300 мртви војници зад себе. Фламанците изгубиле 1.000 војници и не се пуштиле во потера на Французите. Битката завршила со победа на Фламанците, бидејќи го задржале полето. Нова француска инвазија на Фландрија била спречена.Verbruggen 1997, p. 197.

Последици По оваа битка следел пораз на Фламанците следната година на север во Битката кај Зирикзе, каде што Французите биле поддржани од грофот од Холандија.

Наводи

Библиографија

 ДеВрис, Кели (1996). Пешадиско војување во почетокот на четиринаесеттиот век: Дисциплина, тактики и технологија. Вудбриџ: Бојдел и Бруер. ISBN 0851155677.

Категорија:Координати на Википодатоците