Карлуково или Карликово — (, Микрополи; до 1927 г. Καρλίκοβα, Карликова) — село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Просечен на округот во Драма, Источна Македонија и Тракија, Грција. Половина од населението е македонско.

Географија Селото е сместено во подножјето на планината Сминица, на надморска височина од 330 м. Лежи во западниот дел на општината. Се наоѓа на 29 км од градот Драма и 50 км од бугарската граница. Околни села се Калапот и Ресилово.

Историја Во Отоманското Царство мини|лево|250п|Грчкото братство „Пронија“ во Карлуково, 1909 г. Јордан Н. Иванов наведува месна легенда според која целото население било убиено од Турците, што е образложение за името. На крајот од отоманското владеење Карлуково било мешано македонско-турско село во Зихненската Каза, каде двете заедници живееле одделно во Македонско и Турско Маало, одвоени со длабок дол. Според Јордан Иванов, судејќи по силното туркиско супстратно влијание во говорот на христијанските селанји, старото население на селото било гагауско и се помакедончило, бидејќи на почетокот од XX век старците во Карлуково биле двојазични, а младите знаеле само македонски. Така Карлуково е исклучок од околните гагауски села, кои не се асимилирани.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена на гробиштата во 1841 г. Грчката статистика од 1866 го наведува Карликова како село со 1.250 Македонци и 750 Турци.Нарекувајќи ги „Бугари“ согласно нивниот негаторски став.Ν. Σχινά, "Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία", τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, наведено на службениот портал на Општина Зелјахово

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Карл’кова (Karlëkova) е село со 231 домаќинство со 340 жители Македонци, 280 муслимани и 16 Власи. Според грчки податоци во 1885 г. во селото имало 50 „Грци“, 750 Турци и 1200 словенојазични патријаршисти и егзархисти. Тука споменатите Грци се всушност Македонци. Во 1889 г. Стефан Верковиќ (Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи) го обележал Карлуково како село 104 македонски и 206 турски куќи.

Во 1891 година Георги Стрезов напишал:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Крлуково живееле 1,500 Македонци, 660 Турци и 30 Власи. Сите Македонци христијани во селото биле под големо влијание на грчката пропаганда и под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Карлуково (Karloukovo) имало 1.440 Македонци патријаршисти и 60 Власи.

Во октомври 1902 г. митрополитот Хризостом го посетил селото и утврдил дека „Св. Ѓорѓи“ веќе е премала за потребите на на 185-те православни семејства, и дека треба да се изгради нова црква. На 5 октомври тој испратил молба до Вселенската патријаршија да се издејствува кај властите за дозвола за нов храм. Вп молбата Хризостом истакнува дека мнозинството е словенојазично, за кое треба да се направат напори за да се задржи во во пазувите на Патријаршијата.

Во средината на 1905 г. голем дел од населението на Карлуково, предводено од свештеникот Иван Икономов, прешло под врховенството на Бугарската егзархија. Порати тоа во февруари 1906 г. свештеникот е однесен од турската власт во Драма, каде грчкиот митрополит Хризостом му ја избришил брадата и главата, со тоа сакајќи да го осквернави.Трайкова, Весела. Андартството в Солунския вилает през 1906 г., в: Военноисторически сборник, бр.4, 2011, стр. 56.

По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на Карлуково испратиле телеграма до Отоманскиот парламент бидејќи Грците им ги зеле црквата и училиштето иако 150 куќи биле за егзархијата, а само 45 куќи за патријаршиајта.

Според грчки податоци, во 1910 г. во селото имало 900 „Грци“ (секако, Македонци) и 1.000 муслимани. Со Законот за спорните цркви и училишта од истата година, во село со една црква, таа ѝ припаѓа на црковната општина што ја изградила, освен ако другата општина не надминува 2/3 мнозинство. Затоа, на 1 јануари 1911 г. црквата е затворена додека не се утврди дали егзархистите имаат такво мнозинство.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е заземено од бугарска војска, но по Втората во 1913 г. тоа влегло во Грција. За време на Првата светска војна во него влегла бугарска војска. Според грчката статистика, во 1913 г. во Карлуково (Καρλίκοβο) живееле 1.632 лица. Кон 1918 г. во Карлуково имало 150 македонски егзархистички семејства, 50 патријаршистички и 200 турски. Истата година, со повлекувањето на бугарската војска од регионот, дел од Македонците морале да побараат спас во Бугарија. Нови иселувања имало по 1925 г. Највеќе преселници имало во Неврокоп, Станимака, Пештера и Пловдив. Вкупно во Бугарија се преселиле 150 семејства.

На местото на иселените Македонци се доведени Грци од Ортаќој, Бугарија и Источна Тракија, Понт и Мала Азија, Турција.

Во 1926 г. Карлуково е преименувано во Микрополис (во превод „мал град“). Според пописот од 1928 г. Карлуково е мешано мештанско-дојденско село со 2.176 жители, од кои 1.117 лица (267 семејства) биле грчки дојденци.

Во 1945–1946 г. уште селани биле принудени да пребегаат во Бугарија. Селото настрадало во Граѓанската војна (1946 – 1949). Денес потомци на жителите на Карлуково се расеани по Пловдив, Варна, Пештера, Неврокоп (Г. Делчев) во Бугарија и Штип во Р. Македонија.

Својствено за селото е поделеноста на две маала — Горно и Долно (Πάν Μαχαλάς и Κάτ Μαχαλάς), и секое од нив има своја црква, училиште, плоштад и фудбалски клуб. Горното Маало е македонско, а долното до 1920-тите било турско, а по нивното иселување станало грчко. Подвоеноста продолжила доста долго бидејќи Македонците не сакале да ги примат грчките дојденци, но со текот на времето почнале да се склучуваат мешани бракови со понтските Грци, и одделноста се изгубила.

+ Месности во Карлуково преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Цабуки Τσαμπούκι Елатодасос Ἐλατόδασος месност СЗ од Карлуково Долно Орманџик Κάτω Ορμαντζίκ Дасаки Δασάκι врв СЗ од Карлуково Чарнази Тарлар Τσαρναζὶ Ταρλάρ Мегало Хорафи Μεγάλο Χωράφι врв С од Карлуково Котка Κότκα Корифи Κορυφή врв (607 м) С од Карлуково Беш Таш Μπὲς Τάς Пендапетрон Πεντάπετρον врв (1.819,7 м) З од Карлуково Бујук Куле Μπουγιούκ Κουλέ Кастрон Κάστρον врв СЗ од Карлуково Боздаг Μπόζ Ντάγ Дисватон Δύσβατον врв З од Карлуково Ќучук Куле Κιουτσούκ Κουλὲ Кастраки Καστράκι врв СЗ од Карлуково Богаз Ππογάζι Аникторема ᾿Ανοικτόρρεμα името на река Куру Чај (Куслук) во нејзиното горно течение Фундуклуки Φουντουκλούκι Лептокарна Λεπτοκαρυά месност СЗ од Карлуково Кислас Κισλὰς Химадио Χειμαδιὸ месност СИ од Карлуково Јурук Кири Γιουρούκ Κιρὼ Склавотопи Σκλαβοτόπι месност СИ од Карлуково Батак Μπατάκι Вуркотопи Βουρκοτόπι месност И од Карлуково Аргач Άργατς Ксефанто Ξέφαντο врв (1.455 м) З од Карлуково Сушица Σούτσικα Рема Идрагогиу Ρέμα Υδραγωγείου река Ј од Карлуково Куру Чај Κουροῦ Τσάϊ Химарос Χείμαρρος река С од Карлуково Виливишта Βιλιβίστα Рема Архангелу Ρέμα ᾿Αρχαγγέλου река образувана од Сушица и Куру Чај Јени Баир Γενῆ Μπάϊρ Катарактис Καταρράκτης името на горното течение на Узун Улук Клисе Баир Κλίσε Μπάϊρ Плагија Πλαγιά врв ЈЗ од Карлуково Дименица Ντιμένιτσα Воскотопос Βοσκότοπος врв Ј од Карлуково Чаирлак Τσαγιρλίκι Ливадотопос Λιβαδότοπος месност И од Карлуково Клисе Ери Κλισὲ Γερῆ Пиги Πηγή месност И од Карлуково во сливаот на Сушица и Куру Чај Добро Поле Ντόμπρο Πόλιε Клаиполис Καλλίπολις месност Ј од Карлуково и Ј од врвот Добропол Узун Улук Οὐζοὺν Οὐλούκ Макрилакос Μακρύλακκος името на горното течение на реката Драница Мадем Μαντέμ Металион Μεταλλεῖον името на реката Дравушта во нејзиното горно течение Добропол Ντομπροπόλ Корифи Калиполеос Κορυφὴ Καλλιπόλεως врв (1.203 м) Ј од Карлуково Уш Бунар Οὔσα Μπουνὰρ Потистра Ποτίστρα месност Ј од Карлуково Пилаф Тепе Πιλάφ Τεπέ Стронгиловуни Στρογγυλοβούνι врв (1.189 м) Ј од Карлуково Синделик Σίντελικ Тамнотопи Θαμνοτόπι врв (1.951,9 м) З од Карлуково Горно Орманџик Ανω Ορμαντζίκ Ано Дасилиу Άνω Δασύλιον месност З од Карлуково Долно Орманџик Κάτω Ὀρμαντζίκ Като Дасилион Κάτω Δασύλιον месност СЗ од Карлуково во подножјето на истоимениот

Стопанство Главно занимање на населението е сточарството и одгледувањето на тутун и житни култури.

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1841 г. Црква „Св. Благовештение“ од 1910 г. Црква „Воздвижение на Чесниот Крст“ од 1922 г.

Личности Костадин Делиолан — ајдутин

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Просечен