150px|right|thumb|中文語法/中文语法 Џунгвен јифа (кинеска граматика) Граматиката на кинескиот јазик — тука на стандардниот мандарински — дели слични граматички особености со многу јазични варијанти или дијалекти на кинескиот јазик, различни од оние кај други јазични семејства, и споредливи со сличностите кои ги наоѓаме, на пример, кај словенските или семитските јазици. Освен генетската сличност со синотибетските јазици на кои им припаѓа кинескиот, постојат и големи сличности со источноазискиот јазичен сојуз, група директно несродни јазици со меѓусебно влијание, во кој спаѓаат јапонскиот и корејскиот.
Клучна одлика на кинеската граматика е тоа што сите зборови имаат само по една граматичка форма, бидејќи јазикот нема коњугации, деклинации и друга флексија (со мали исклучоци). Кинескиот не разликува број кај именките и време кај глаголите, туку тие идеи се изразуваат по пат на збороред или честички.
Без флексија, кинеската граматика можеби изгледа прилично проста во споредба со многу од високофлексивните индоевропски јазици. Меѓутоа кинескиот се одликува со мошне сложена синтакса. Кинескиот е аналитички јазик (или изолирачки јазик). Аналитички јазик е јазик во кој синтаксата и значењето претежно се изразуваат по пат на честички и збороред наместо со флексија. Разликувањето на честичките во кинескиот може да биде тешко за странците.
Темоистакнатост Кинескиот се смета за темоистакнат јазик, каде темата на реченицата (првичната информација на која се заснова реченицата) ужива првенство. На пример, следниве реченици не се го следат правилото за предност на подметот, но сосема одговара на темокоментарниот состав (традиционални знаци во загради):
。 [院子裏停著一輛車。]Во дворот е паркиран автомобил. (Автомобилот е паркиран во дворот.) , 。 [今天爬山,明天野營。]Денес искачување планини, утре логорување надвор. Ова е пример за заменкоиспупштачка реченица. Подметот во реченицата се одредува од контекстот. 。 Пливање јас сум најдобар (споредено со други активности како трчање). (Јас сум најдобар во пливање) Реченицата во мандаринскиот го има составот „подмет-прирок-предмет“, бидејќи глаголот стои пред, а не по предметот кај простите реченици, но мандаринскиот има и многу одлики на „подмет-предмет-прирок“ како турскиот. Ова најдобро се гледа по зборовниот ред, каде придавките и прилозите стојат пред главниот (опишан) збор, како кај јазиците од вториот тип, а не по него, како кај јазиците со првоспоменатиот облик. Така
Предлошките изрази стојат пред глаголот Генитивните конструции стојат пред главната именка Односните реченици стојат пред главната именка Придавките стојат пред именките При споредбените придавки, стандардот на споредба стои пред придавката
Покрај ова, кинескиот во многу конструкции користи постпозиции наместо претпозиции, на пример:
„маса-на“ = на масата [房子裏面]„куќа-внатре“ = внатре (во) куќата
Мандаринскиот исто така обликува придавни изрази наместо зависност кај речениците, на пример:
[被我騎過的馬]„од мене јаван коњ“ = коњот што го јавав [給人煩惱的事情]„дава-луѓе-грижачка работа“ или „за луѓе загрижувачка работа“ = работа што загрижува луѓе
Покрај ова, глаголските изрази доаѓаат на крај на реченицата ако предметот или идиректниот предмет е „обележан“. На пример, постојат два типа на акузативи во мандаринскиот. Акузативот I е почестиот. Акузативот II значи промена на состојбата кај предметот, и дава посилна смисла на дејствие врз предметот, и се обележува со претставката 把 ба и со поместување на глаголскиот израз на крајот на реченицата.
。 [我打破了盤子。]Јас ја скршив чинијата. (Акузатив I), наспроти 。[我把盤子打破了。]Јас (акуз.)-чинија скрши (и веќе не е цела). (Акузатив II) 。 [我打了一個電話。]Јас удрив телефон (Се јавив по телефон). (Акузатив I), наспроти 。 [我把他打了一頓。]Јас него натепување. (Акузатив II)
На тој начин, речениците со индиректен предмет обележани со дативното 給/给 геј– или речениците со пасивна конструкција (каде предметот има претставка 被 беј–) следат ППГ збороред:
。 [不要給我拍馬屁。]Немој (дат.)-мене ласка (Не ми ласкај). 。 [他被我打了一頓。]Тој од мене натепан (Тој беше натепан од мене).
Глаголски видови Глаголскиот вид е граматичко средство кое ни кажува за временскиот тек на јазикот. Кинескиот има уникатен комплет видови: на пример, постојат два свршени вида, 了 (-ле) и 過/过 (-гуо) со суптилна разлика во значењето.
ле (свршен) 。 [我當了兵。] Јас станав војник (и сѐ уште сум). 。 [他看了三場球賽。]Тој гледал три натпревари со топка (и веројатно ќе гледа и други некогаш понатаму; често се користи во временски-разграничен контекст како „денес“ или „минатата недела“). гуо (искуствено свршен) 。 [我當過兵。] Сум бил војник (но повеќе не сум). 。 [他看過三場球賽。] Тој има гледано три натпревари со топка (и тоа се сите кои ги има гледано; во контекст на дејствија како „гледа“ или „учествува“, кои се лесно повторливи, ова не ја има истата аконотација како првата употреба, туку само укажува на тоа дека дејствието се случило во минатото и ја опишува ситуацијата до сега).
Двата несвршени вида, 正在 (ченгцај-) и 著/着 (-џе) исто така се разликуваат во нијанси:
џенгцај/цај (динамички) 。 [我正在掛畫。] Јас закачувам слики. („зкачувам“ е непрекинато динамичко дејствие) џе (статичен) 。 [牆上掛著一幅畫。] На слика закачување на ѕид. („закачување“ е постојана моментална состојба.)
Со други зборови, ако има смисла реченицата да се постави како „во сред“, тогаш веројатно е потребен џенгцај; во друг случај, џе. Така, „Јас сум [во сред] закачување на слики“ е џенгцај, но „На слика [во сред] закачување на ѕид“ е џе.
Удвојувањето се користи за правење на разграничен вид — дејствие кое малку продолжува: 。 [我到公園走走。]Јас одам на прошетка во парк. Оваа реченица може да се изрази и со 走一走 цоу ји цоу, што значи една иста работа, и може да се преведе како „одам малку одење“.
Глаголски начин Друга категорија граматички средства уникатна за кинескиот се модалните честички, кои се користат за изразување на начин, или за односот на еден исказ со реалноста и/или намерите. Од нив најважни се:
Ле (зачетен) 。 [我沒有錢了。]Отсега, јас немам пари. (шворц сум) Не (претстоен) — често координира со 還/还 хај (сè уште) 。 [他還沒有回家呢。]Тој сѐ уште се нема вратено дома. (Нема промена на старата ситуација)
Свршеното ле и зачетното ле се два различни збора. Кинескиот јазичар Џао Јуенжен вели дека тие имаат потекло од сосема различни зборови.<ref>Yuen Ren Chao, A Grammar of Spoken Chinese, стр. 246.</ref> Фактот што денеска тие се пишуваат исто може да биде збунувачки. Погледајте ја следнава реченица:
[媽媽來了!]
Одбележувачот на глаголски вид ле доаѓа по преоден или непреоден глагол. Модалната честички ле доаѓа на крајот на реченицата и ја води сета реченица. Кога еден непреоден глагол доаѓа на крајот на реченицата, единствениот начин да се одреди дали ле на крајот од реченицата е свршен или зачетен е да се погледа на општествениот контекст. Горенаведенава реченица има две различни значења. Во еден случај, на пример, некој оддалеку зборува со мајка си на телефон и сака да ја убеди да дојде кај него на прослава. Тој го спушта телефонот и вели: „Мама (јао) лајј ле!“ Ова би значело дека мајката пред тоа не сакала да дојде, но сега се предомислила и ќе доаѓа. Меѓутоа ако некој затропа на влезната врата и тој што отвора извика: „Мāма лáи ле!“, тоа би значело дека таа дошла.
Сериска конструкција на глаголи Сериската конструкција на глаголи е основна одлика на кинеската граматика, каде два или повеќе глагола заедно. Ова се среќава при: двојни (комплементарни) глаголи, кое се јавува по главниот глагол, и коглаголи, кои се јавуваат пред главниот глагол. Ваквото составување на комплементарни глаголи го наоѓаме и во турскиот јазик (на пр. gitmek, vermek, и olarak) и два други поголеми јазици во североисточна Азија, јапонскиот и корејскиот јазик (Граматика на јапонскиот јазик; Граматика на корејскиот јазик).
Двојни глаголи Кинеските реченици во голема мера се занимаваат со исходот и насоката на глаголот, каде што тоа е применливо. Заради ова, кинескиот има развиено моќна граматичка машинерија која овозможува образување на реченици со двојни глаголи.
Ова се прави така што кон активниот глагол во реченицата му се придодава (суфиксира) втор (комплементарен) глагол кој укажува на исходот од првото дејствие, или пак насоката каде тој отишол. Во вакви случаи укажувањето на овој начин е задолжително.
Исходен комплемент Исходниот комплемент има две варијанти: една го искажива апсолутниот исход, додека другата го искажува можниот или веројатниот исход. На пример, глаголот 听 [聽] тинг, „слуша“) би бил активен глагол, а 懂 (дунг, „сфаќа“, „знае“) би бил исходен комплемент.
[聽懂]Сфаќа (нешто што слуша)Позитивен апсолутен исходен комплемент [沒聽懂]Не сфаќа (тоа што го слуша)Негативен апсолутен исходен комплементТреба да се спомене дека присуството на апсолутен исходен комплемент му наложува на активниот глагол свршен вид, и зборување за апсолутниот исход на несвршено дејствие би било бесмислено — затоа се користи 没 [沒] (меј) за негирање на глаголот. [聽得懂]Може да сфати (нешто што слуша)Позитивен можен исходен комплементОваа форма е еквивалентна по значење со 能听懂 [能聽懂] [聽不懂]Не може да сфати (нешто што слуша)Негативен можен исходен комплементТреба да се спомене дека во оваа конструкција се негира исход, а не активниот глагол, и дека тукаа треба да се употреби 不 (бу), а не 没 [沒] (меј) заради исходното дејствие, бидејќи е само можност, па така не може да биде свршена состојба.
Исходниот комплемент е многу моќна конструкција, и се користи често. Изразите како 饿死了 [餓死了] (е се ле, буквално: веќе гладен до смрт, со значење „гладувам“) и 气死了 [氣死了] (чи се ле, буквално: бесен до смрт, со значење „ (јас) сум крајно лут“) се пикантни додатоци на јазикот. Покрај ова, можеме да анализираме многу наставки за вид од аспект на исходниот комплемент; на пример, 了 (ле) значи „готово“ или „веќе“, па така е јасно дека ако тој се стави по глаголот, тој преоѓа во свршена форма. Сличноста запира тука, иако на пример, невозможно е да се конструира можен комплимент кој користи 了 (ле), иако тоа е можно со 了 (љао) (ист знак, различен звук). Иако вториот начин на читање има исто значење како првиот, кај исходниот комплемент едноставно ја означува неможноста за некој глагол (на пр. 受不了, не може да трпи нешто или некој, како „Не можам да истрпам!“). Употребата на исходен комплемент (за едноставно негирање на некои глаголи) е прилично честа. Глаголите кои можат на се негираат на ваков начин често и мораат така што се негираат.
Понекогаш, користејќи го исходниот комплемент, се формираат идиоматски фрази кои немаат никаква врска со исходот. На пример, изразите 看不起, 对不起 [對不起] и 买不起 [買不起] користат 起 (чи, подигање) како исходен комплемент, но нивните значења (погледнува надолу, се извиннува, не може да си приушти) очигледно не се поврзани со фактичкото значење на знаците. Ова се јавува како резултат од метафорични конструкции, каде 看不起 буквално значи не може да погледа нагоре (погледа надолу), и 对不起 [對不起] не може да се соочи (со некој).
Други примери 。 [他把盤子打破了。]буквално: тој ПРЕДМ-чинија удри-скрши-ФФ.Тој ја удри/испушти чинијата, и се скрши.(двоен глагол каде вториот, „крши“, е наставка на првиот, и кажува што му се случило на предметот како исход од дејствието.) 。 [這部電影我看不懂。]буквално: Филмов јас гледам-не-разбира.Јас не го разбирам филмов (иако го гледав)(двоен глагол, каде вториот глагол, „разбира“, е наставка на првиот и ја појаснува можноста и успехот на релевантното дејствие)
Насочен комплемент