мини|Поранешното устие на реката Слимс, кај езерото Клуан мини|Реката Слимс во 1992 година Река Слимс (Ä'äy Chù) — река напојувана од ледници на канадската територија Јукон. До 2016 година, извирала во ледникот Каскавулш, а потоа течела приближно 24 километри во јужниот крај на езерото Клуан.
Во текот на неколку дена во пролетта 2016 година, текот на реката се променил. Онаму каде што водата од топењето на ледникот Каскавулш се исцедувала во два правци, сега целата се исцедува во реката Каскавулш што тече кон југ, а понатаму во Алјаскиот Залив, драстично намалувајќи ја големината на Слимс. Истражувачите сугерират дека промената во текот може да се должи на климатските промени предизвикани од човекот; ова било прв пат климатските промени предизвикани од човекот да бидат поврзани со реорганизацијата на една река.
Именување Реката Слимс наводно е именувана по коњ за пренос на товар кој се удавил додека се обидувал да го премине потокот за време на златната треска Клуан во 1903 година. Реката го преминува автопатот Алјаска на милја 1065 (километар 1704) веднаш јужно од нејзиниот влив во езерото.
Домородното име на реката (Ä'äy Chù) се однесува на нејзиниот излив од Ä'äy.
Наводи
Категорија:Поранешни реки Категорија:Реки во Јукон