Во Џорџискиот фолклор Алтамаха-ха (или Алти) — митско суштество за кое се вели дека живее во безбројните мали потоци и напуштени оризови полиња во близина на устието на реката Алтамаха (по која е именувано) во југоисточна Џорџија. Повеќето видувања се пријавени околу Дариен и на други места во округот Мекинтош.
Според весникот „Брансвик њуз“, легендата има корени во Мускогската традиција. Зракоперката Atractosteus spatula е предложена како можен идентитет за неодамнешните видувања што му се припишуваат на суштеството.
Во 2018 година, распаѓачки остатоци биле пронајдени на плажа во Националниот резерват за диви животни на островот Волф, што предизвикало шпекулации дека можеби станува збор за телото на Алтамаха-ха. Уметникот Зардулу подоцна ја презел одговорноста за остатоците, кои биле создадени од плишана ајкула и каширана хартија.
Палео уметникот, Рик Спирс, создал скулптура од Алтамаха-ха, која е изложена во Центарот за посетители на округот Дариен-МекИнтош во Дариен, Џорџија.
Наводи
Категорија:Американски фолклор Категорија:Митски суштества