Тремолит — член на амфиболската група на силикатни минерали со состав Ca2(Mg5.0-4.5Fe2+0.0-0.5)Si8O22(OH)2. Тремолитот се формира со метаморфизам на седименти богати со доломит и кварц, и се јавува во две различни форми, кристали и влакна. Тремолитот формира серија со актинолит и феро-актинолит. Чистиот магнезиумски тремолит е кремасто-бел, но бојата може да биде и темно зелена бо случај на зголемена содржината на железо. Има тврдост на Мосовата скала од 5 до 6. Нефрит, еден од двата минерали познати како скапоцен камен жад, е зелен кристален вид на тремолит.
Фиброзната форма на тремолитот е една од шесте препознаени видови на азбест. Вдишувањето на азбестен тремолит може да доведе до азбестоза, рак на белите дробови, како и плеврален и малиген мезотелиом. Фиброзниот тремолит понекогаш се пронаоѓа како загадувач во вермикулит, хризотил (самиот вид азбест) и талк.
Појава десно|мини|Тремолит од долината Оре, француски Пиринеи (големина: 8,2 × 6,7 см) десно|мини|Кристален тремолит Тремолитот е индикатор за метаморфна градација бидејќи на високи температури се претвора во диопсид.
Тремолитот се јавува како резултат на контактна метаморфизам на силициумски седиментни карпи богати со калциум и магнезиум и во зеленошкрилести фации метаморфни карпи добиени од карпи од карбонат богати со магнезиум. Поврзаните минерали се: калцит, доломит, гросуларен, воластонит, талк, диопсид, форстерит, кумингтонит, рибекит и винхит.
Тремолитот првпат бил опишан во 1789 година по негово откривање во Камполунго, долина Пиумоња, Левентина, Тичино (Тесин), Швајцарија.
Фиброзен тремолит Еден од шесте признати видови на азбест, приближно 40.200 тони тремолитски азбест се ископува годишно во Индија. Инаку, се пронаоѓа како загадувач.
Наводи
Надворешни врски Минералот може да ги открие тајните на древните океани на Венера, New Scientist, 10 октомври 2007 година Категорија:Луминисцентни минерали Категорија:Моноклински минерали Категорија:Минерали на магнезиумот Категорија:Минерали на калциумот