Талин () — главен град и најголем град во Естонија. Градот се наоѓа на северниот брег на земјата, на брегот на Финскиот Залив, 80 километри јужно од Хелсинки, источно од Стокхолм и западно од Санкт Петербург. Од 13 век до 1918 година (и за краток период од нацистичката окупација на Естонија 1941-1944), градот бил познат како Ревал. Талин зафаќа површина од 159,2 км2 и има население од 443.268 жители. Околу 32% од вкупното население на Естонија живее во Талин.
Талин бил основан во 1248 година, но најстарите човечки населби биле пронајдени пред повеќе од 5.000 години, кое го прави еден од најстарите главни градови на Северна Европа. Поради својата стратешка локација, градот станал голем трговски центар, особено од 14 до 16 век, кога се здобил со важност како дел од Ханза.
Стариот град во Талин е еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа и од страна на УНЕСКО е вклучен во Списокот на светско наследство во Европа. Талин е главен политички, финансиски, културен и образовен центар на Естонија. Честопати градот се нарекува Силициумска Долина на Европа, со најголем број по жител стартап корисници во Европа и е родно место на голем број меѓународни компании, вклучувајќи го Skype и Центарот за сајбер одбрана на НАТО. Тој е рангиран како глобален град и се наоѓа на списокот меѓу најдобрите 10 дигитални градови во светот. Градот бил европска престолнина на културата за 2011 година, заедно со Турку во Финска.
Имиња
Во 1154 година градот се викал Куври, Калаван или Коливан според светската мапа изработена од страна на Алморавиди|алморавидскиот арапски картограф Мухамед ал-Идриси, кој го опишал градот како „еден мал град, како еден голем замок„ меѓу градовите Астланда. Се смета дека Куври може да се однесува на градот врз кој бил изграден денешен Талин. Во источните словенски хроники, градот бил познат како Коливан, и се смета дека името потекнува од естонскиот митски јунак Калев.
До 13 век, Скандинавците и Хенри Латвиски градот го нарекувале Линданиза или Линданисе на дански јазик, Линданас на шведски јазик и Леденетс на старословенски. Според некои поетски предлози, ова име било изведено од Линда, митската сопруга на Калев и мајката на Калевипоег.
Историја
Првите траги од населба биле пронајдени при археолошките иакопувања во центарот на градот и истите артефакти датираат пред околу 5.000 години. Исто така биле пронајдени и керамички садови од околу 3000 п.н.е.
Првата тврдина во Талин била изградена во околу 1050 година на ридот Томпеја.
Како важна порта за трговија помеѓу Русија и Скандинавија, градот станал цел за освојување на Тевтонските витези и Кралството Данска во текот на периодот на Северните крстоносни војни во почетокот на 13 век, кога христијанството било насилно наметнато на месното население. Данската власт во Талин и Северна Естонија започнала во 1219 година.
Во 1285, градот, тогаш познат како Ревал, станал дел од Ханза, трговска и воена алијанса на германските градови во Северна Европа. Во 1346 година Ревал, заедно со целиот северен дел на Естонија бил даден на Тевтонскиот ред. Во средниот век градот имал стратешка положба бидејќи се наоѓал на крстопатот на трговска размена меѓу Западна и Северна Европа и Русија. Градот, со население од 8.000, бил многу добро опколен со градски ѕидини и 66 одбрани кули.
Со почетокот на протестантската реформација, германското влијание станало уште посилно и голем дел од населението го прифатило Лутеранството. Во 1561 година, Ревал паднал под политичко влијание на Шведска.
За време на Големата северна војна, градот бил погоден од чума. Во 1710 година Естонија и Ливонија биле освоени од Русија, но институциите на локалната самоуправа ја задржуиле својата културна и економска автономија во рамките на Царска Русија како Гувернија Естонија. Во текот на 19 век, градот започнал да се индустријализира, и пристаништето добило голема важност.
На 24 февруари 1918 година, Декларацијата за независнот на Естонија била прогласена во Талин. На 2 февруари 1920 година, Русија ја признала независноста на Естонија според Тартскиот договор. По Втората светска војна, Естонија пристапила кон Советскиот Сојуз (СССР) во 1940 година, а подоцна била окупирана од Нацистичка Германија од 1941 до 1944 година. По повлекувањето на Нацистите во 1944 година, била основана Естонската ССР, во рамките на СССР, додека Талин станал нејзиниот главен град. За време на Летните олимписки игри во 1980 година, натпреварите по едрење биле одржани во Талин.
Во август 1991 година била прогласена независноста на Естонија, по пропаѓањето на Советскиот Сојуз.
Географија
Талин се наоѓа на јужниот брег на Финскиот Залив, во северозападниот дел на Естонија.
Најголемото езеро во Талин е езеро Улемисте (9.44 км2). Езерото е главен извор на вода за пиење во градот. Езеро Харку е второто по големина езеро во рамките на границите на Талин и неговата површина е 1,6 квадратни километри. Талин не лежи на голема река. Единствената значајна река во Талин е реката Пирита во истоимената област. Историски гледано, малата река Харјапеја од езерото Улемисте течела низ градот и се вливала во морето, но реката била пренасочена за отпадни води во 1930 година и оттогаш целосно исчезнала од градскиот пејзаж.
Највисоката точка во Талин, на 64 метри над нивото на морето, се наоѓа во Хилу, во југозападниот дел на градот. Должината на брегот е 46 километри.
Клима
Талин има влажна континентална клима со топли, благи лета и студени, снежни зими. Зимите се ладни, но лесни за нејзината надморска височина, што се должи на крајбрежната негова местоположба. Просечната температура во февруари, најстудениот месец, е -4.3 °C. Во текот на зимските месеци, температурите имаат тенденција да се ниски со кое доаѓа до појава на мраз, но понекогаш температурата достигнува и над 5 °C, додека во најладниот период температурата достигнува до -18 °C. Зимите се облачни и се одликуваат со ниски количини на сонце, кои се движат од само 0,5 часа на сонце дневно во декември на 4,1 часа во март. Денот на зимската краткодневица трае само 6 часа.
Пролетта започнува во студено време, со ниски температури вообичаени во март и април, но постепено станува потопло кон крајот на мај, кога просечната дневна температура е 15.2 °C, додека ноќните температури се со просек од -1,0 до 5,2 °C од март до мај. Снежните врнежи се честа појава во март и може да се случат и во април.
Летата се благи со дневни температури околу 19 до 21 °C и ноќни температури во просек помеѓу 9,6 - 12,7 °C во периодот од јуни до август. Најтопол месец е обично јули, со просек од 17.2 °C. Периоди на топло време се ретки во текот на летните месеци, при што има само 31 денови во годината каде температурата достигнува или надминува 21,0 °C.. Во текот на летото е делумно облачно и деновите се движат во просек од 7,4 часа во август на 10,1 часа во јуни иако врнежите се повисоки во текот на овие месеци.
Во Талин наврнуваат 618 милиметри врнежи годишно, кои се рамномерно распоредени во текот на годината, иако месеците март и април се најсушните месеци, во просек околу 30 милиметри, додека јули и август се највлажните месеци со 74 милиметри на врнежи. Просечната влажност на воздухот е 81%.
Реони
За потребите на локалната самоуправа, Талин е поделен на 8 административни области. Управите на округот се градски установи кои ги исполнуваат, на територијата на нивната област, функциите кои им се доделени со закон од страна уставот.
РегионНаселение(2016)AreaГустина 1. Харберсти 2. Кесклин (центар) 3. Кристине 4. Ласнамае 5. Мустамае 6. Номе 7. Пирита 8. Põhja-Tallinn
Архитектура
Демографија Largest ethnic minority groups Етничка група Население(2015) %Руси 151,122 36.52Останати: 36,883 8.91Украинци 11,794 2.85Белоруси 6,173 1.49Финци 2,071 0.50Евреи 1,510 0.36Татари 1,045 0.25Литванци 827 0.20Летонци 662 0.16Германци 518 0.13 Според податоци од 1 јуни 2016 година, населението на градот е 440.950 жители. Етничките Естонци сочинуваат околу 55% од населението, додека Русите сочинуваат околу 37% од населението.
Службен јазик на Талин е естонски јазик. Во 2011 година, 206.490 (50,1%) го зборувале естонскиот како мајчин јазик и 192.199 (46,7%) зборувале руски како мајчин јазик. Во останатите говорни јазици спаѓаат украински, белоруски и фински.
Година13721772181618341851188118971925195919892000200520152016 Население3,2506,95412,00015,30024,00045,90058,800119,800283,071478,974400,378401,694438,569443,268
Стопанство
Талин e најголемиот финансиски и бизнис центар во Естонија. Во градот постојат компании од најразлични индустрии, особено во областа на информатичката технологија, туризмот и логистика. Daily Mail градот Талин го наречел како еден од седумте најпаметни градови во светот. Во моментов, повеќе од половина БДП на Естонија се создава во Талин. Во 2008 година, БДП по глава на жител од Талин изнесувал 172% од просекот на естонскиот.
Информатичка технологија
Талин е еден од најголемите центри на информатичката технологија во светот. Во 2005 година The New York Times го нарекол градот како Силициумска Долина на Европа, со најголем број по жител стартап корисници во ЕвропаMark Ländler, "The Baltic Life: Hot Technology for Chilly Streets", The New York Times, 13 December 2005.. Талин е родно место на голем број меѓународни компании, вклучувајќи го Skype и Центарот за сајбер одбрана на НАТО. Мобилниот оператор Telia Company и компанијата Kuehne + Nagel имаат седиште во градот.
Туризам
Талин годишно го посетуваат повеќе од 1,5 милиони туристи, бројка која постојано се зголемува во текот на изминатата деценија.
Стариот град Талин е вклучен во Светското наследство на УНЕСКО и претставува главна туристичка атракција. Пристаништето Ленусадам, Естонскиот поморски музеј, Талинската зоолошка градина и паркот Кадриорг се исто така едни од најпосетуваните места. Поголемиот дел од посетителите доаѓаат од Европа, иако Талин сè повеќе и повеќе се посетува од туристи од Русија..
Пристиништето Ванасадам е едно од најпрометните одредишта за крстарење на Балтичко Море, кое превезело повеќе од 520.000 патници во 2013 година.
Енергија
Енергетската компанија Eesti Energia, операторот за пренос на електрична енергија Elering, компанијата за гас Eesti GaAs и енергетското велепоседничко друштво Alexela Group имаат седиште во градот. Nord Pool Spot, најголемиот пазар за електрична енергија во светот, исто така има седиште во Талин.
Финансии
Талин е финансиски центар на Естонија и голем економски центар во скандинавскиот регион. Многу големи банки, како SEB, Swedbank, Nordea, DNB, имаат канцеларии во Талин. Талинската берза е единствената од таков вид во Естонија.
Производствен сектор
Индустријата во Талина вклучува производство и изградба на бродови, машиноградбата, металопреработувачката индустрија, електроника и текстил. Градот привлекува голем број на шопинг туристи од земјите во регионот.
Образование thumb|225px|Технолошки универзитет thumb|225px|Музеј на естонската уметност
Институции на високото образование и наука се:
Естонска академија на науките Естонска академија на музиката и театарот Естонска бизнис школа Естонска Поморска академија Инстититут за теологија при Естонската Евангелско-Лутеранска црква Национален институт за хемија, физика и биофизика Универзитет Талин Технолошки универзитет
Култура Музеи
Талин е дом на повеќе од 60 музеи и галерии. Повеќето од нив се наоѓаат во Кесклин, централна област на градот. Еден од најпосетуваните историски музеи во Талин е Естонскиот историски музеј кој се наоѓа во стариот дел на градот. Музејот ја опфаќа историјата на Естонија од праисторијата, па сè до крајот на XX век..