Cuscuta approximata — едногодишно растение, вид на вилина коса. Потекнува од Евроазија и Африка, но се среќава и во Северна Америка, каде што е донесен и претставува невообичаено штетен плевел. Во Македонија го има во Таорска Клисура, Жеденска Клисура, Козјак, Мариово, Серта, а видено е и на Шар Планина, Водно, Дренска Планина и Бел Камен.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 64-65, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Тоа е паразитско растение која се качува на други растенија и зема храна директно од нив преку хаусториум.
Опис Има разгрането светложолто, светлозелено, кафеаво до портокалово-црвено кончесто стебленце, со дијаметар до 0,5 mm. Листовите се сведени на лушпи на површината на стеблото, бидејќи тие не се потребни за фотосинтеза затоа што паразитира и добива хранливи материи од својот домаќин. Носи гроздови од ситни жолтеникави цветови во облик на ѕвонче кои се широки само околу 3 милиметри. Се размножува со семе, при што секое растение е способно да произведе над 10.000 семиња одеднаш. Ова растение е плевел на луцерка, детелина и домати, како и на други култури и автохтона флора. Овој вид понекогаш се третира како подвид на Cuscuta epithymum.
Наводи
Надворешни врски
Рачен третман на Џепсон Профил на трева во државата Вашингтон
Категорија:Вилина коса Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Евроазија Категорија:Флора на Либан