Курнаковитот — хидриран борат на магнезиум со хемиски состав MgB3O3(OH)5·5H2O. Тој е член на индеритската група и е триклиничен диморф на моноклиничниот индерит.

Откривање и појава Курнаковитот, првпат го опишал Годлевски во 1940 година за појава во наоѓалиштата на борат на езерото Индер во Атирауската Област, Казахстан, и е именуван по рускиот минералог и хемичар Николај Семенович Курнаков (1860–1941).

Покрај локацијата во Казахстан, кураковит е пронајден и од саламурата Жачанг-Цака, Тибет, наоѓалиштето на борат Кирка, покраина Китахја, Турција, наоѓалиштето на борат Крамер, Борон, округ Керн, Калифорнија, Националниот парк Долина на смртта, округ Ињо, Калифорнија, и наоѓалиштето на боракс Тинкалају, Салар дел Хомбре Муерто, покраина Салта, Аргентина.

Својства Курнаковитот има триклиничка - пинакодијална кристалографија. Се формира како груби, призматични кристали, обично во густи агрегати. Курнаковитот има изразен расцеп и конхоидна фрактура. Неговата цврстина е кршлива и се движи помеѓу 2,5 - 3 на Мосовата скала на тврдост. Не е растворлив во вода, иако ќе почне да се раствора во топла киселина. Курнаковитот е обично безбоен или бел и е или транспарентен или проѕирен. Има стаклест, бисерен сјај и индекс на прекршување помеѓу 1,488 - 1,525.

Наводи

Категорија:Триклински минерали Категорија:Минерали на магнезиумот Категорија:Минералогија