Алексиј или Алексиос () — грчки свештеник и зограф од XIX век.
Животопис Роден е во градот Јанина, Епир, денес во Грција. Станал свештеник и започнал да се занимава со иконопис. Во 1732 г. ги изработил иконостасните икони и живописот во католиконот на Роженскиот манастир, Пиринска Македонија. Две години подоцна, односно во 1734 г. ја живописал црквата „Св. Мина“ во с. Горно Маало, Загорско. Според двата натписа во храмот, Алексиј и брат му Анастасиј се автори на фреските во црквата „Св. Атанасиј“ во Дурмани, Берско — во 1736 г. го насликале наосот, а во 1744 г. нартексот. Се потпишале со „χειρ Αναστασίου και Αλεξίου ιερέος τον αυταδέλφον εκ τόπου Ιωαννίνων“. Дело на Алексиј се иконите на Христос Седржител и Пресвета Богородица (1749) во „Успение на Пресвета Богородица“ во населичкото село Либохово. Негово дело е и живописот во манастирот „Св. Давид Стари“ во Ровиес на островот Евбеја.
Галерија
Наводи
Категорија:Луѓе од Јанина Категорија:Грчки зографи Категорија:Грчки иконописци