Јоаким (роден како Јаким Јовчевски, с. Луково, Струга; 7. ноември 1949) — епископ на Дељадровско-илинденската епархија на МПЦ-ОА.
Претходно е епископ полошко-кумановски (2004-2023) и викарен епископ Велички (2003-2004) во рамките на поранешната Православна Охридска Архиепископија (ПОА) во составот на Српската православна Црква.
Животопис Роден е на 7 ноември 1949 година во селото Луково, Струга. Завршил средно градежно училиште. Студирал и на Градежниот факултет во Скопје а дипломирал на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во март 1992 година. Се замонашил во Цетињскиот манастир на 9 февруари 1996 година. На 12 јули истата година, митрополитот црногорско-приморски Амфилохиј го ракоположил за јероѓакон, а на 31 октомври истата година го ракоположил за јеромонах. На 7 февруари 1997 година е избран за професор на Цетињската богословија. На 19 декември 2002 година е ракоположен во чин игумен од страна на митрополитот црногорско-приморски Амфилохиј.
Со одлука на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква, одржан на 23 мај 2003 година, на предлог на тогашниот Митрополит велешки и повардарски Јован е избран за викарен епископ, со титула епископ Велички и местобљустител полошко-кумановски. Хиротонијата е извршена 30 ноември 2003 година во Соборната црква „Свети Архангел Михаил“ во Белград. Со одлука на Светиот Архиерејски Синод на поранешната Православна Охридска Архиепископија од 16 август 2004 година, е избран за надлежен архијереј на полошко-кумановската епархија на ПОА.
Интеграција на ПОА со МПЦ-ОА По решавањето на повеќедеценискиот раскол помеѓу Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Српската Православна Црква, се воспостави единство помеѓу двете помесни сестрински цркви. На 20 мај 2023 година архијереите на поранешната ПОА добија канонски отпуст од страна на Соборот на Српската православна црква и нивно интегрирање во Македонската православна црква. Како плод на воспоставената братољубива заедница помеѓу двете сестрински Цркви, САС на МПЦ – ОА донесе одлука за формирање на нова Дељадровско – илинденска епархија. Со оваа одлука, новиот епископ ја доби титулата Дељадровско – илинденски, со седиште на епархијата во Дељадровскиот манастир . Интронизацијата на Преосвештениот епископ г. Јоаким се изврши на 05.11.2023 год. во новоизградениот храм „Св. Константин и Елена’’ во Илинден.
Поврзано
Православна Охридска Архиепископија
Наводи
Архијереи на Македонската православна црква — Охридска архиепископијаСегашни архијереиСтефан (Скопска епархија) • Петар (Преспанско-пелагониска епархија) • Георгиј (Дебарско-кичевска епархија) • Наум (Струмичка епархија) • Агатангел (Повардарска епархија) • Јован (Крушевско-демирхисарска епархија) • Методиј (Американско-канадска епархија) • Пимен (Европска епархија) • Иларион (Брегалничка епархија) • Марко (Делчевско-каменичка епархија) • Јосиф (Тетовско-гостиварска епархија) • Григориј (Кумановско-осоговска епархија) • Јоаким (Дељадровско-илинденска епархија) • Климент • Давид • Јаков • Партениј • Никола • Свет синод (Австралиско-новозеландска епархија, Австралиско-сиднејска епархија)[]Македонска православна црква — Охридска архиепископија