Квинслендова црна ѕвезда, позната и како Квинследов бримстоун, именувана по нејзината природа и место на потекло — 733 каратен (146.6 г) црн сафир, и бил најголемиот сафир со квалитет на скапоцен камен во светот сè додека не бил откриен сафирот Адамова ѕвезда.

Сафирот „Црна ѕвезда“ е скапоцен камен со овална форма. Центарот на ѕвездата е многу поголем и посветол од нормалните ѕвездени сафири. Светлата шестзрачна ѕвезда е поставена на целосно црна позадина. Убавината на каменот е дополнително нагласена со неговата обвивка од бело злато. Големиот црн камен е опкружен со ред од 35 помали бели дијаманти во облик на круша.

Како и кај сите ѕвездени сафири, ѕвездата се движи со променливи агли на осветлување и припаѓа на групата минерали позната како корунд, кристална форма на алуминиум оксид (Al2O3).

Ѕвездениот ефект кај ѕвездените сафири се предизвикува од микроскопски вметнувања, главно рутил, порамнети во троен образец во внатрешноста на каменот што ја рефлектира светлината што влегува во каменот низ неговата куполна површина во шестзрачен ѕвезден образец.

Скапоцениот камен за прв пат бил откриен во 1938 година од страна на 12 годишниот Рој Спенсер, кој го пронашол каменот на близок рид во Квинсленд, Австралија. Рој го однел каменот дома за да му го покаже на својот татко, Хари Спенсер, кој го сметал каменот за голем црн кристал и го користел како затворач за врата 10 години. Во 1947 година, јувелирот Хари Казанџијан, роден во Ерменија, кој живеел во Лос Анџелес, го посетил семејството Спенсер и се заинтересирал за каменот. Хари Спенсер се согласил да го продаде каменот на Казанџијан за 18.000 долари, со кои Спенсер изградил нова куќа за своето семејство. Казанџијан поминал два месеци проучувајќи го каменот пред да донесе одлука да го исече, жртвувајќи над 400 карати за да ја открие шестокраката ѕвезда.

Наводи

Категорија:Познати сафири