Јадарит — бел, земјест моноклински силикатен минерал, натриум-литиум-бор-силикатен хидроксид со хемиска формула LiNaSiB3O7(OH).
Откривање и класификација Јадаритот бил откриен во декември 2004 година, во јадро од дупчење во Јадарската Долина (, Jadar, ) во Србија, по која го добил името. Наоѓалиштето се наоѓа југозападно од планината Цер. Наодите првично биле лоцирани во селата Јаребица и Слатина а подоцна и во Драгинац.
Истражувачки геолози од Rio Tinto го откриле минералот како мали заоблени нодули во јадрото при дупчење и не успеале да го усогласат со претходно познати минерали. Јадаритот бил потврден како нов минерал откако научници од Природонаучниот музеј во Лондон и Националниот совет за истражување на Канада спровеле тестирања врз него.Whitfield, Pamela. LiNaSiB3O7(OH) a novel structure of the new borosilicate mineral jadarite determined from laboratory powder diffraction data Acta Crystallographica Section B Structural Science, International Union of Crystallography, DOI 10.1107/S0108768107010130, ISSN 0567-7408.(abstract).'Kryptonite' discovered in mine. BBC News
Комерцијализација
Откривањето на минералот може да биде комерцијално значајно бидејќи содржи литиум и бор, два релативно ретки и индустриски важни елементи. Литиумот се користи за литиумски батерии; борот се користи во легури, керамика, стакло и други примени.
Првично било проценето дека има 200 милиони тони руда на литиум-борат, што би ги направило идните рудници во Јадар едни од најголемите наоѓалишта на литиум во светот, снабдувајќи 10% од светската побарувачка за литиум. Подоцна, Американскиот геолошки институт заклучил дека снабдувањето со литиум е поблиску до 1,51% од светската побарувачка за литиум. Од тоа, долното јадарско рудно лежиште има 114,5 милиони тони со просечна содржина на исплатливи компоненти од 1,8% литиум оксид и 13,1% бор оксид.
Во мај 2017 година, Rio Tinto објавил дека подрачјето Јадар има едно од најголемите лежишта на литиум во светот, зголемувајќи ги резервите на Долни Јадар на 136 милиони тони. Компанијата изјавила дека проценката на минералните ресурси го потврдила квалитетот на минералот. Експлоатацијата била планирана да започне во 2023 година, со проектирана подземна искористливост од 50 години.
Планирана е и фабрика за преработка на јадарит во близина на рудниците, која ќе ја преработува рудата во литиум карбонат и борна киселина. Прототипната постројка е изградена од научници од Србија, Австралија и САД и се тестира во Мелбурн. Тестирањето вклучува преработка на концентрат од јадарит.
На 25 јули 2017 година бил потпишан меморандум меѓу Rio Tinto и Владата на Србија, претставувана од премиерката Ана Брнабиќ, со која била потврдена 2023 година како почетна година, но и откриено дека дури тогаш ќе се формираат работни групи, ќе се спроведат студии и ќе започне процесот на издавање дозволи. Целиот потфат бил наречен „Project Jadar“.
До 2020 година, идната експлоатација на јадарит и екстракцијата на литиум предизвикале жестока јавна и академска дебата, особено по уништувањето на кањонот Јукан во Австралија од страна на Rio Tinto. Еколозите, локалното население и некои научници и професори се против проектот, наведувајќи употреба на големи количини вода и разни киселини и други хемикалии во производствениот процес, што ќе загадат плодна обработлива земја, ќе ги засолат подземните води и ќе ги загадат реките Јадар и Дрина. Други експерти тврдат дека нема причина да не ѝ се верува на компанијата дека ќе ги следи највисоките мерки против загадување, дека водите се безбедни и дека земјиштето и не е толку плодно. Самата компанија изјавила дека ќе примени нов, експериментален процес кој спречува загадување и кој бил тестиран 2.000 пати во Австралија.
До ноември 2021 година, изградбата на рудникот не била започната. Среде растечкото противење, српската филијала на Rio Tinto „Rio Sava Exploration“ најавила дека изградбата на рудникот ќе започне во 2022 година, а ќе заврши во 2026 година. Компанијата тврдела дека веќе инвестирала 250 милиони долари во проектот, со дополнителни 200 милиони планирани за 2021 година. Меѓутоа, на 20 јануари 2022 година српската премиерка Ана Брнабиќ објави откажување на проектот, по масовните протести организирани од еколошки организации во Србија.
Криптонит
Хемиската формула на јадарит е слична, но не идентична со формулата („натриум-литиум-бор-силикатен хидроксид со флуор“) измислена за фиктивната супстанција криптонит во филмот од 2006 година Супермен се враќа. Оваа случајност привлекла внимание од масовните медиумите во 2007 година, кратко по откривањето на јадаритот.ABCCNNWashington Post
Новиот минерал, за разлика од фиктивниот материјал во филмот, не содржи флуор и нема зелен сјај.
Наводи
Категорија:Минерали на натриумот Категорија:Незосиликати Категорија:Моноклински минерали Категорија:Минерали на литиумот Категорија:Боратни минерали