мини|Анимација на клипен систем Клип е компонента на рециркуирачки мотори, рециркуирачки пумпи, гасни компресори, хидраулични цилиндри и пневматски цилиндри, како и други слични механизми. Тоа е подвижниот дел кој е сместен во цилиндар и кој е направен да биде затворен за гас со помош на клипни прстени. Во мотор, целта на клипот е да ја пренесе силата од ширењето на гасот во цилиндарот до коленестото вратило преку клипна прачка и/или спојна прачка. Во пумпа функцијата е обратна и силата се пренесува од коленестото вратило кон клипот со цел да се компресира или истисне течноста во цилиндарот. Во некои мотори, клипот исто така делува и како вентил, прекривајќи и откривајќи отвори во цилиндарот.
Клипни мотори мини|Мотор со четири клипи (3D рендерирање) мини|Пистон
Мотори со внатрешно согорување мини|Клип на мотор со внатрешно согорување, пресечен за да се види иглата на држачот Моторот со внатрешно согорување функционира на принцип на ширење на притисокот на гасовите за согорување во просторот на комората за согорување на врвот од цилиндарот. Оваа сила потоа дејствува надолу преку спојната прачка на коленестото вратило.
Типичниот дизајн на клипот е прикажан на сликата погоре. Овој тип на клип најчесто се користи кај дизел моторите во автомобилите. Во зависност од намената, нивото на полнење и условите за работа на моторите, обликот и пропорциите можат да се менуваат.
Дизел моторите со голема моќност работат во тешки услови. Максималниот притисок во комората за согорување може да достигне 20 MPa, а максималната температура на некои површини на клипот може да надмине 450 °C. Процесот на ладење на клипот може да се подобри со создавање посебна празнина за ладење. Посебен инјектор ја снабдува оваа празнина за ладење „А“ со масло преку каналот за снабдување со масло „Б“. За поефикасно намалување на температурата, конструкцијата треба внимателно да се анализира. Протокот на масло во празнината за ладење треба да биде најмалку 80% од протокот на масло низ инјекторот. мини|A – празнина за ладење; B – канал за снабдување со масло Самата прачка е од стврднат челик и е фиксирана во клипот, но слободно се движи во спојната прачка. Неколку дизајни користат „целосно лебдечки“ дизајн кој е лабав во обете компоненти. Сите прачки мора да се ограничат од странични движења нивните краеви да се прицврстат во ѕидот на цилиндарот, обично со помош на кружни прстени.
Запечатувањето со гасовите се постигнува со употреба на клипни прстени. Тоа се голем број тесни железни прстени, лабаво поставени во жлебовите на клипот, веднаш под круната. Прстените се разделени во точка на работ, што им овозможува да притискаат врз цилиндерот со лесен притисок на пружината. Се користат два вида прстени: горните прстени имаат цврсти површини и обезбедуваат запечатување на гасовите, додека долните прстени имаат тесни рабови и профил во форма на U, со цел да можат да дејствуваат како стругалки за масло. Постојат многу сопствени и детални дизајнерски карактеристики поврзани со клипните прстени.
Клиповите обично се леат или коваат од алуминиумски легури. За подобра цврстина и век на траење, некои клипови може да се коваат од метал наместо да се користат горенаведените техники. Клиповите од ковани метали се користат и во тркачките мотори, бидејќи не се потпираат на големината и архитектурата на достапните кованици, дозволувајќи промени во дизајнот во последен момент. Иако не се видливи со голо око, самите клипови се дизајнирани со одредено ниво на овалност и заострување на профилот, што значи дека не се совршено заоблени, а нивниот дијаметар е поголем во близина на дното на обвивката отколку на круната.
Раните клипови биле од леано железо, но се почнале да се забележуваат очигледни придобивки за балансирање на моторот во случај на користење на полесни легури. За да се произведат клипови што би можеле да издржат температури на согорување на моторот, било потребно да се развијат нови легури како што се Y легура и хидуминиум, специјално за употреба како клипови.
Хидраулични цилиндри алт=Pistons of Hydraulic cylinders used in a hot press|лево|мини|Клипови на хидраулични цилиндри што се користат во топла преса Хидрауличните цилиндри можат да бидат едно- или двојно-дејствувачки . Хидрауличен актуатор го контролира движењето на клипот напред и/или назад, додека водечките прстени ги водат клипот и прачката и ги апсорбираат радијалните сили што дејствуваат нормално на цилиндарот и спречуваат контакт помеѓу лизгањето на металните делови.
Парни мотори мини|Клип од парна машина од леано железо, со метален клипен прстен притиснат со пружина на ѕидот на цилиндарот. Парните мотори обично се двојно-дејствувачки (притисокот на пареата дејствува наизменично на секоја страна од клипот) и внесувањето и ослободувањето на пареата се контролира со лизгачки вентили, клипни вентили или вентили со заоблен механизам. Поради тоа, клиповите на парните мотори се речиси секогаш релативно тенки дискови и нивниот дијаметар е неколку пати поголем од нивната дебелина. Бидејќи речиси сите парни мотори користат попречни глави за да ја пренесат силата на погонската прачка, помалку странични сили го нишаат клипот, поради што не е неопходна употребата на цилиндрична обвивка на клипот.
Пумпи Клипните пумпи може да се користат за движење на течности или компресирање на гасови .
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Есеј за клипни мотори Како функционираат работите – основни делови за моторот
Категорија:Мотори Категорија:Клипови Категорија:Мотори со внатрешно согорување