Paronychia macedonica - вид растение од фамилијата каранфили, ендемско за Македонија. Paronychia macedonica е дел од родот Paronychia, и фамилијата Caryophyllaceae.2000 & ITIS Catalogue of Life: 2014 Annual Checklist.
Опис Многугодишно тревесто растение, силно разгрането од основата, со испреплетени гранчиња долги 5-12 см. Цветните гранчиња се вертикални, обично се влакнести и со многубројни листови по целата должина.Кирил Мицевски:Флора на Република Македонија, Том 1, св. 2, МАНУ, Скопје, 1993, стр. 286
Плодот е елиптично јајцевиден, долг околу 1,6 мм, на врвот стеснет и обвиен од чашкините ливчиња.
Распространетост Ова растение расте по карпи, камењари и каменливи почви.
Се среќава во Скопје, на Матка, Скопска Црна Гора, на Шар Планина, Маврово, на Илиница, Баба Сач, Демир Хисар меѓу селата Доленци и Железнец, на Галичица, во село Дебреште, Прилеп, Козјак, клисурата на реката Раец, околината на градот Кочани, кај селото Истибања, Куманово кај село Доброшане.
Подвидови Видот е поделен на следниве подвидови, и двата растат во Македонија:
P. m. macedonica - листовите не се прилегнати, и пошироки се од 1 мм. Столпчето е долго околу 0,65 мм. P. m. tobolkana - гранчињата густо препокриени со листови и прилисници. Листовите се најмногу 1 мм широки. Столпчето е долго околу 0,45 до 0,55 мм. Расте кај реката Тополка, клисурата на реката Бабуна, Велес, Дервен и Башино Село.
Наводи
Категорија:Каранфили Категорија:Флора на Македонија Категорија:Ендемска флора на Македонија