Дејм Ела Ор Кемпбел (28 октомври 1910 - 24 јули 2003) — новозеландска ботаничарка. Експерт за мововини растенија, таа објавила 130 научни трудови за џигерници, роговници, орхидеи и моклишта. Таа станала првата жена член на факултетот на Земјоделскиот колеџ Маси (сега Универзитет Маси) во 1945 година, а во 2003 година хербариумот во Маси бил преименуван во Хербариум Дејм Ела Кемпбел во нејзина чест. По нејзиното пензионирање од наставата во 1976 година, таа продолжила да истражува и објавува уште две децении, конечно пензионирајќи се во 2000 година на 90-годишна возраст.
Ран живот и образование Кемпбел била родена во Данидн, ќерка на Ор Кемпбел, градежен изведувач и Агнес (родена Киндер) Кемпбел и била најстарото од пет деца. Нејзината мајка студирала фармација на Универзитетот во Отаго а сестра на нејзината мајка, Џејн, била една од првите жени што се стекнала со медицинска диплома во Нов Зеланд. Кемпбел го припишувала својот интерес за ботаника на прошетките што ги правела со својот татко како дете; таа била под влијание и на семејната пријателка, ботаничарката Хелен Киркланд Далримпл. десно|мини|Папрат Histiopteris incisa Откако завршила жеснко средно училиште во Отаго, Кемпбел посетувала двегодишни курсеви на Колеџот за обука на наставници во Данидн. Во исто време, се запишала на Универзитетот во Отаго. Дипломирала како наставник во 1930 година. Во 1931 година, се запишала на одделот за ботаника на Универзитетот во Отаго за да студира кај Џон Ернест Холовеј. Магистрирала ботаника со почести од прва класа во 1934 година. Нејзината теза, „Ембрионот и стеларниот развој на Histiopteris incisa“, била објавена во „Трансакции на Кралското друштво на Нов Зеланд“ во 1936 година.
Кариера По дипломирањето, Кемпбел предавала во женосто средно училиште Ваитаки во Оамару една година а потоа станала асистент-предавач по ботаника на Универзитетот Викторија во Велингтон. Во 1936 година се вратила на Универзитетот во Отаго, каде што работела заедно со Холовеј. Останала се до 1944 година, кога Холовеј се пензионирала. Научила да зборува германски и држела предавање на тој јазик во Берлинската ботаничка градина.
Во март 1945 година, Кембел станала прва жена член на факултет на Земјоделски колеџ Маси (сега Универзитет Маси). Таа држела предавања за морфологија и анатомија на растенија и водела истражувачки теренски патувања на плажата Химатанги, островот Капити и Националниот парк Тонгариро. Истражувачки проекти вклучувале истражување на микориза поврзана со орхидеи и истражување на мововидни растенија, особено таксономија и морфологија на роговните мовови и на талусите. Таа, исто така, спровела меѓународна теренска работа, како што се патувања на Универзитет во Кембриџ, Сингапур, Индија и Непал; Австралија; Малезија; Јапонија; САД; и Канада. десно|мини|Лист од Equisetum arvense Во 1976 година, Универзитет во Отаго ѝ го доделила на Кемпбел степен доктор на науки и таа официјално се пензионирала иста година. Сепак, таа останала на универзитетот во почесен капацитет и продолжи со своето истражување. Главните публикации во овој период вклучувале работа за редовите на џигерници Metzgeriales и Marchantiales, како и неколку дела за новозеландскит мововоски рогвници кои вклучувале испитувања на детали видливи само под скенирачки електронски и трансмисиони електронски микроскопи.
Во 1978 година, Кемпбел го објавила своето откритие дека Equisetum arvense (полска коњска опашка) што расте на расадник во Палмерстон Норт е инвазивен вид, откако други со години мислеле дека е украсно растение. Таа, исто така, спровела истражување за единствена флора на тресетишта.
До нејзини 80-ти роденден, Кемпбел објавила многу научни трудови за џигерици (37), орхидеи (14), мочуришта (5) и други теми (10). Таа, исто така, напишала меѓународно признати трудови за „микоризните асоцијации на новозеландските ахлорофилни микотрофни копнени орхидеи, Gastrodia cunninghamii, G. aff. sesamoides, G. minor, Molloybas cryptanthus и Danhatchia australis“. Таа продолжила да истражува и објавува како почесен истражувачки соработник повеќе од две децении, пензионирајќи се во 2000 година на 90-годишна возраст. На 4 април 2003 година, хербариумот што го одгледувала и помогнала да се прошири во Маси бил преименуван во Хербариум Дејм Ела Кемпбел на церемонија на која таа присуствувала.
Останати активности Таа била член-основач на Здружението за орхидеи Манавату и била судија на Советот за орхидеи на Нов Зеланд од 1978 до 2002 година. Таа била член на Новозеландското ботаничко друштво и почесен доживотен член на „Сороптимистс интернешнл“, откако била инаугуративен претседател на нивен огранок во Палмерстон Норт.
Кемпбел била страствена играчка на хокеј на трева уште од универзитетски денови. Таа играла за колеџскиот тим за обука на наставници во Данидн и била капитен и на тим на Универзитет на Нов Зеланд и на Женскиот хокеарски тим на Отаго. Таа освоила три универзитетски блуз титули, во 1931, 1933 и 1934 година. Таа помогнала во основање на женски хокеарски тим во Палмерстон Норт и го тренирала Женски хокеарски тим на Универзитет Маси. Таа била и членка на Советот за женски хокеарски тим на Нов Зеланд.
Почести и награди Нејзини најзначајни награди вклучуваат назначување за член на Кралски новозеландски институт за хортикултура (1976), добивање на медал Маси од Универзитет Маси (1992) и нејзино назначување за Дама-кавалер на Новозеландски орден за заслужност, за заслуги во наука, во новогодишни почести во 1997 година. Во 2017 година, Кемпбел била избрана за една од „150 жени во 150 зборови“ на Новозеландското кралско друштво, прославувајќи го придонесот на жени во науката во Нов Зеланд.
Дела Таа била коавторка, заедно со колега академик од Маси, Џон Стјуарт Јејтс, на учебник „Земјоделска ботаника“ (првпат објавен во 1954 година; второ издание во 1960 година).
Лично Кемпбел никогаш не се омажила, ниту имала деца. Во 1980 година ѝ бил дијагностициран рак на дојка и била подложена на мастектомија. Во јуни 2001 година, таа го напуштила својот дом во Палмерстон Норт и се упатила кон дом за стари лица, каде што починала на 24 јули 2003 година, на 92-годишна возраст. Нејзина пепел била погребана со пепелта на нејзиното семејство на гробишта Андерсонс Беј, Данидн.
Наводи
Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Починати во 2003 година Категорија:Родени во 1910 година Категорија:Новозеландски ботаничари