Клунеста чадливка () — вид цветно растение од семејството афиони.
Опис Ова е едногодишно растение. Стеблото високо до 40 см, многу разгрането, голо и со надолжни бразди. Листовите се сивкави, 1-2 пати перести, перестите делови се два пати пересто насечени. Лисните сегменти се копјести или линејно копјести, 3-4 пати подолги отколку широки. Соцветијата се растресити, со должина од 3-5 см и со 15-25 цвета. Дршката на соцветието е покуса од него (1-2 см) а прицветниците се 2/3 од должината на плодните дршки или скоро еднакви со нив, широки а во горниот дел малку насечени.
Чашкините ливчиња се долги 2-2,5 мм и широки околу 1,5 мм во јајцевиден облик. Тие се неправилно крупно назабени, три пати покуси од венче-то. Венчето е долго 7-9 мм со розецрвеникава боја а врвовите на венечните ливчиња се темновиолетови. Горното венечно ливче во предниот дел има свиткани нагоре рабови, а долното венечно ливче е лопатовидно и со расперени рабови. Оревчињата се 1,7 мм долги, круглести, малку странично сплеснати, на врвот кусо заострени, по површината со ситни брадавички. Плодните дршки се исправени и свртени нагоре.
Распространетост во Македонија Fumaria kralikii е распространето во Македонија, најчесто покрај покрај населби, грмушки, тревести места и патишта, до 1000 m.
Познато за Дабничка Планина и патот за манастирот Трескавец, Цапари, Пехчево, Крива Паланка, Таорска Клисура, Демир Хисар помеѓу селата Доленци и Железнец, Китка, Шар Планина и Пелистер. Се наведува за Удово.
Наводи
Категорија:Чадливка Категорија:Флора на Македонија