Каиџу бр. 8 (, ) — манга напишана и илустрирана од Наоја Мацумото. Се објавувала на цифрената услуга за манга Shonen Jump+ на издавачката куќа Shueisha од јули 2020 до јули 2025 г. и била издадена во шеснаесет тома танкобон. Студиото Production I.G ја адаптирало мангата во формат на аниме-серија, чие прикажување се одвивало од април до јуни 2024 г. Втората сезона се прикажувала од јули до септември 2025 г. Во декември 2025 г. била најавена „последната арка“ на аниме-серијата.
Содржина Во Јапонија, чудовиштата познати како каиџуа, редовно го напаѓаат населението, а на Одбранбените сили на Јапонија им е доверено нивното уништување. Кафка Хибино и Мина Аширо се заколнале дека ќе станат членови на Одбранбените сили откако во детството го изгубиле својот роден град по напад на каиџуа. Мина станала познат командант на Третиот одред на Одбранбените сили, но Кафка многупати паѓал на испитите и на крајот станал член на екипата за чистење Monster Sweeper Inc., чија дејност е расчистување на мртвите тела на каиџуа по битките.
Откако во телото на Кафка продира мало суштество што зборува, тој добива способност да се преобрази во каиџу, на кое Одбранбените сили му го дале кодното име „Каиџу бр. 8“. Кафка, во облик на каиџу, останува во целосна свест и се здобива со натчовечка сила, а истовремено станува и првото каиџу што успеало да им побегне на Одбранбените сили.
Ликови Кафка Хибино (јап. 日比野 カフカ) — тој е офицер во Одбранбените сили и поранешен работник во професионалната компанија за чистење каиџуа Monster Sweeper Inc. Бил претворен во хуманоидно утврдено каиџу со способности за менување на обликот, откако во неговото тело влегло мало каиџу.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2020 година Категорија:Манга од 2024 година