Џоване Сантана до Насименто (роден на 24 ноември 2003 година, во Санта Барбара д'Оесте), попознат како Џоване — бразилски фудбалер, на .

Биографија Во брак е со бразилската блогерка, Марија Едуарда Пасерани, со која ја добил ќерката Мави, на само 20 години.

Технички карактеристики Левак, кој може да игра како крило, втор напаѓач и главен напаѓач. Обожава да игра близу аут-линијата, од каде најчесто тргнува кон средината, искористувајќи го максимално својот моќен шут и добрата индивидуална техника. Тој вели дека бил инспириран од неговиот сонародник Роналдо.

Клупска кариера Роден во Санта Барбара д'Оесте, Саун Пауло, Џоване ја започнал својата кариера во Ред Бул Бразил, но го напуштил клубот од лични причини и се вратил во фудбалот дури пред почетокот на сезоната 2021 со Капиваријано. Тој го имал своето сениорско деби на 29 април 2021 година, на возраст од само 17 години, влегувајќи како замена во второто полувреме во поразот со 1–0 на гостински терен против Линенсе во Кампеонато Паулиста Серија А3.

Џоване го постигна својот прв гол во кариерата на 10 мај 2021 година, постигнувајќи го победничкиот погодок во успехот со 3–2 на домашен терен над Пенаполенсе. По осум настапи за првиот тим на Капиваријано, на 16 јули 2021, тој се преселил на позајмица во Коринтијанс, каде првично бил вклучен во тимот под 20 години. Откако импресионирал таму, Џоване го имал своето деби за првиот тим – во Кампеонато Бразилеиро Серија А – на 10 април 2022 година, заменувајќи го Рожер Гедеш во победата од 3–1 над .

На 28 јули 2022 година, Џоване потпишал траен договор со Коринтијанс до 2025 година, откако клубот од Саун Пауло платил 3 милиони бразилски реали за 65% од неговите економски права. Првиот гол за Коринтијанс, Џоване го постигнал во натпреварот од првенството против Васко да Гама на 28 ноември 2023 година, во кој неговиот тим победил со 4–2. Во четирите години поминати во Коринтијанс, забележал 47 настапи и постигнал 3 гола, освојувајќи го притоа и Кампеонато Паулиста 2025 турнирот. Сепак, откако одиграл само еден натпревар за време на турнирот, Џоване бил исфрлен од составот од тренерот Рамон Дијас, по неговата одлука да не го обнови договорот кој му истекол на крајот од сезоната.

На 9 јули 2025 година, тој со слободен трансфер се приклучил на , потпишувајќи договор со клубот од Серија А со важност до 30 јуни 2029 година. Дебитирал за клубот на 18 август, започнувајќи го натпреварот од Купот на Италија на гости против , добиен по изведување пенали. На 25-ти истиот месец, тој го имал своето деби како стартер во Серија А, во ремито 1-1 на гости против . На 2 ноември, тој го постигнал својот прв гол во дресот на Верона, во поразот со 1-2 од на „Маркантонио Бентегоди“. Дваесет и еден ден подоцна, тој постигнал уште еден гол во поразот со 1-2 на домашен терен од . На 6 декември, тој го постигнал трет гол во Серија А за сезоната и му асистирал на Антоан Бернед во победата од 3-1 против . Своето кратко искуство во Верона, Џоване го завршил со 3 гола и 4 асистенции во 23 одиграни натпревари.

На 24 јануари 2026 година, тој бил купен од за 2 милиони евра фиксно плус уште 18 милиони во бонуси, потпишувајќи договор до 2030 година. Своето деби за „Партенопеите“ го имал следниот ден, влегувајќи во игра на местото на Елиф Елмас во второто полувреме од поразот со 3-0 од во Торино.

Репрезентативна кариера Во декември 2022 година, тој бил вклучен од тренерот Рамон Менезес на списокот со играчи повикани во репрезентацијата под 20 години која учествувала на Јужноамериканското првенство 2023 во споменатата возрасна група одржано во Колумбија, на кое младите „кариоки“ триумфирале. На 28 април 2023 година, во истата репрезентација, тој бил повикан за Светското првенство под 20 години 2023 во Аргентина.

Во периодор јануари и февруари 2024 година, тој одиграл четири натпревари за Олимписката репрезентација на предолимпискиот турнир на КОНМЕБОЛ како подготовка за Летните олимписки игри во Париз.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 14 март 2026. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2021 Капиваријано А3/СП 8 1 - - - - - - - - - 8 1 2022 Коринтијанс А 10 0 КБ 4 0 КЛ 2 0 - - - 16 0 2023 КП+A 1+5 0+1 - - - КЛ+КС 1+1 0+0 - - - 8 1 2024 КП+A 1+11 0+1 КБ 6 0 КС 3 1 - - - 21 2 2025 КП 1 0 - - - КС 1 0 - - - 2 0Вкупно Коринтијанс 29 2 10 0 8 1 - - 47 3 2025-јан. 2026 А 21 3 КИ 2 0 - - - - - - 23 3 јан.-јун. 2026 А 7 0 КИ 1 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 8 0Вкупно во кариерата 65 6 13 0 8 1 - - 86 7

Титули Клупски Коринтијанс Кампеонато Паулиста : 1 2025

Репрезентативни Бразил под 20 години

Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години : 1 Колумбија 2023

Наводи

Надворешни врски

Џоване на soccerway Џоване на transfermarkt Џоване на transfermarkt Џоване на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Коринтијанс Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Родени во 2003 година